Македонија
(Видео) Мисајловски: Заев без никаква консултација на грчка телевизија објави детали за референдумот
Зоран Заев вчера на странска телевизија ги кажа прашањата кои одлучил да ги постави на референдум на којшто македонските граѓани треба да се изјаснат за сопствената иднина. Тоа не го стори ниту на македонската телевизија или некој од македонските национални медиуми, туку на грчката национална телевизија, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев без никаква консултација со претседателот на Република Македонија или со ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија побрза да ја информира грчката јавност за детали од референдумот на којшто ќе гласа македонскиот народ. Повеќе од очигледно е дека на Заев не му е важен ниту националниот консензус околу ваквите суштински теми, ниту му е важно што мислат граѓаните во земјава. На Зоран Заев му е важно само да го испорача тоа што го ветил без разлика на цената што ќе ја плаќаме сите, вклучително и идните поколенија“, рече тој.
Уште потрагично е тоа што Заев ја смируваше грчката јавност, додава тој, објавувајќи ја манипулацијата што ја смислил, а тоа е поврзување на членството во ЕУ и НАТО со комплетно обезличување на македонскиот народ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

