Економија
(Видео) Протест на вработените од „Секјуриком“, обезбедувањето ги спречи да влезат во дирекцијата
																								
												
												
											Вработените од „Секјуриком мултисервис интернационал“ денеска протестираа пред седиштето на компанијата поради неподмирените обврски од страна на фирмата, односно една неисплатена плата, неплатените придонеси за здравствено и пензиско осигурување, како и редовното доцнење со исплата на платите.
Вработените во еден момент се обидоа и да влезат во дирекцијата за да разговараат со претпоставените, но беа спречени од обезбедувањето и полицијата.
„Отворете ги вратите, не плашете се, ние сме питоми луѓе“, викаа некои од незадоволните работници, а од толпата се слушаше и скандирање „лопови, лопови“.
„Имаме и ние семејства, ставете се на наше место да видите како е“, им порачаа вработените на менаџерите.
Работниците за седум месеци од први јануари до денеска имаат добиено само 4 плати, и тоа со задоцнување. Февруарската плата ја добиле на 2 април, мартовската на 25 април годинава, априлската им била поделена на двапати, на 30 мај и на 12 јуни.
Според вработените, со ваквиот однос раководителите на компанијата ги кршат работничките права.

„Си ја сакаме платата навремено и редовно. Доцнатсо плати секој месец, немаме ниту здравствено, ниту, пак, пензиско осигурување, болните не можат да отидат на доктор. К-15 не земаме редовно, велат дека се услужна дејност, доколку сакаме регрес, ни одземаат од плата“, вели Надица Мартиновиќ, една од вработените.
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственикот на „Секјуриком“, Австриецот Волфганг Гампер, и поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски, за наместени тендери за чистење и одржување на државните институции вклучувајќи го и Собранието на РМ.

Јавноста за оваа контроверзна компанија дозна по скандалозното сознание дека во 2002 година, додека премиер на Република Македонија беше Љубчо Георгиевски, а Никола Груевски министер за финансии, околу 500 вработени од СОЗР спротивно на нивната волја биле префрлени да работат за „Секјуриком“, а на нивно место во државните институции партиски биле вработени илјадници луѓе.
Вработените во „Секјуриком“ со години работат за минимална плата, што е сосема спротивно од онаа на раководителите чија плата достигнува и до неколку илјади евра.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Економија
Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел
														Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на 8-та Регионална Е-комерц конференција во Скопје.
Тој истакна дека е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел, кој бара силна поддршка од државата преку модерни дигитални платформи, регулаторна предвидливост и иновации ориентирани кон пазарот.
„Интероперабилноста што ја бесплатно ја овозможивме за повеќе од 76 институции и компании – со повеќе од 2.6 милиони безбедни трансакции месечно и раст од 260% – претставува не само успех на администрацијата, туку можност за приватниот сектор. Таа отвора простор за дигитални услуги, безбедна размена на податоци, брз пристап до потребните административни податоци и нови бизнис-модели што ја поврзуваат државата и компаниите во еден заеднички дигитален екосистем“, изјави министерот Андоновски.
Во рамки на поддршката за мали и средни претпријатија, Министерството за дигитална трансформација преку Европскиот дигитален иновациски хаб – INNOFEIT EDIH, им овозможува на компаниите пристап до лаборатории, дигитални алатки и експертска поддршка за тестирање нови технологии пред инвестирање. Овој хаб нуди и обуки за дигитални вештини во областа на вештачка интелигенција, сајбер-безбедност, автоматизација и интернет на нештата, со цел да ја зголеми конкурентноста на домашните компании на европскиот пазар.
Во истата насока, Националниот центар за вештачка интелигенција – Везилка, развива АИ решенија применливи и во приватниот сектор, со што создава услови електронската трговија да стане поефикасна, попаметна и побезбедна.
„Намалувањето на бирократијата и отворањето на податоците за бизнис-заедницата се клучни за модерна држава. Владата создава инфраструктура каде иновацијата е во центарот, а граѓаните и компаниите се вистинските корисници на дигиталната трансформација“, додаде Андоновски.
Тој најави дека во следниот период Владата ќе продолжи да инвестира во дигитална инфраструктура, унапредување на екосистемот за иновации, како и во програми за поддршка на стартапи и претприемачи во дигиталната економија.
Економија
„Виз Ер“ воведува евтина „бизнис класа“, можете да платите за да го задржите средното седиште празно
														Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ ќе започне со тестирање на таканаречената „основна бизнис класа“ на одредени летови од декември оваа година, нудејќи малку повеќе удобност во рамките на својата стандардна услуга без додатоци. Оваа нова функција ќе биде воведена на пет рути, вклучувајќи летови до Лондон, Рим и Будимпешта.
Концептот е едноставен – во првиот ред од авионот, средното седиште ќе биде оставено празно за да им се обезбеди на деловните патници повеќе простор и да се олесни качувањето. Мајкл Делехант, виш комерцијален и оперативен директор, нагласи дека цената нема да биде драстично повисока.
„Што се однесува до цените на билетите, таа никогаш нема да биде повеќе од цената на купување дополнително седиште“, изјави тој на прес-конференција.
Иако билетите за овие специјални седишта ќе бидат поскапи, патниците сепак ќе бидат третирани исто како и сите други.
„Повеќе се работи за ефикасноста на патувањето и малку дополнителен простор во авионот“, рече Делехант.
Воведувањето премиум услуги е тренд што го следат и американските нискобуџетни превозници за да се натпреваруваат со големите превозници.
Делехант забележа дека сè уште има силна побарувачка за нискобуџетни летови во Европа, но дека пазарот треба да се развива.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
														Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,913 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.

