Контакт

Македонија

„Секјуриком“ по протестите на вработените: Вложивме голем напор да исплатиме дел од мајската плата

Објавено пред

„Секјуриком“ прави напори долгот кон вработените да биде исплатен во најкус можен рок, тврдат од компанијата по денешните протести на вработените  кои  се собраа пред дирекцијата поради неподмирените обврски од страна на фирмата.

dobivaj vesti na viber

Нивната реакција ја пренесуваме интегрално.

Во врска со денешниот текст објавен на Макфакс и А1он (на 6 јули 2018), сакаме да го искажеме нашиот став и да ја информираме јавноста со точни и релевантни информации.
Секјуриком веќе 18 години се грижи за 1.400 вработени и нивните семејства и сме во постојан контакт со нив. Секој од нашите вработени е навремено известен за ситуацијата во која се наоѓаме, за потезите кои ги преземаме и секојдневно ги известуваме за текот на работењето. Во текот на изминатата и оваа недела, дел од вработените беа на разговор со менаџментот и внимателно беа ислушани. Искрено сме благодарни на поголемиот дел кој наиде на разбирање за целата ситуација.

Исто така, сакаме да ја известиме јавноста дека и покрај ненавременото плаќање на побарувања за извршени услуги, вложивме голем напор денеска да исплатиме дел од мајската плата и правиме сѐ што е во наша моќ остатокот да биде исплатен во најбрз можен рок и нашите вработени да не трпат последици.

Во врска со обвинувањата за нередовната исплата на К-15, групацијата Секјуриком се погрижи за своите вработени да обезбеди и минимален регрес за годишен одмор и покрај тоа што според закон сме ослободени од такви давачки. Имено, наша приоритетна дејност е 81.29 останати услуги на чистење не спомнати на друго место, која е во групата IV/Л – административни и помошни услужни дејности кои се утврдени во националната класификација на дејности и според толкувањето на организацијата на работодавачите на РМ, која е потписник на општиот колективен договор за приватниот сектор во областа на стопанството НЕМА ОБВРСКА ДА ИСПЛАЌА на вработените регрес за годишен одмор. Без разлика на ситуацијата нашите вработени се нашето лице и максимално сме посветени на подобрување на нивните услови, напредок во работата и вреднување на нивниот труд. Ние ги почитуваме нашите вработени кои се столбот во оваа компанија. Затоа, во услови кога компанијата работела со минимална добивка (поради неподмирени побарувања), не го намаливме бројот на вработени (Секјуриком има 1.400 вработени), ниту пак им ги намаливме месечните примања и одлучивме да доделиме минимален износ од 2000 денари и покрај тоа што немаме обврска.

Во врска со обвинувањата пред извесен период, ние како компанија, ниту еднаш досега не сме влијаеле за некој тендер, ниту пак сме злоупотребиле било каква положба која сме ја имале со што би стекнале противправна имотна корист. Сите договори со клиентите и добиени тендери од државни институции се законски добиени, согласно законските прописи. Сите наши договори биле јавно достапни. Нашата работа е транспарентна и секогаш сме биле отворени за комуникација за секое прашање и информација.
Затоа, уште еднаш сакаме да ја информираме јавноста дека Секјуриком е компанија која работела и ќе работи согласно законската регулатива, притоа почитувајќи ги сите членови од договорите склучени со вработените, клиентите и партнерите. Продолжуваме да бидеме максимално посветени на нив, а притоа постојано работиме на зголемување на услугите кои ги нудиме и нивниот квалитет, овозможувајќи сигурност, безбедност и комфорт кај секој од нив со нашето работење.

Македонија

РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!

Објавено пред

Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.

dobivaj vesti na viber

„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.

РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.

Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Времето во наредните денови

Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.

Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Центар и Зелениково денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.

dobivaj vesti na viber

Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет47 минути

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа57 минути

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија1 час

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија1 час

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија13 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија15 часа

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија17 часа

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија18 часа

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија19 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ19 часа

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија19 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија20 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет23 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа23 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет24 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа1 ден

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа1 ден

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија1 ден

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...