Свет
Путин: Светското првенство помогна да се срушат предрасудите за Русија

Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Светското фудбалско првенство помогнало да се срушат предрасудите за Русија, која на светот му покажа дека се сите добредојдени.
„Луѓето видоа дека Русија е гостољубива земја и дека сите се добредојдени“, рече Путин и додаде дека многу негастивни предрасуди за Русија се срушиле за време на натпреварите.
Путин оцени дека сите се заљубени во Русија и дека првенството е добро организирано.
Светското првенство се одржува во Русија во период кога владее тензија помеѓу Русија и земјите од Западот. Невладините организации претходно повикаа на бојкот на мундијалот во Русија поради, како што велеа, непочитување на човековите права во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кир Стармер под притисок поради надворешната политика што ги фаворизира Русија и Кина

Британскиот премиер Кир Стармер се најде на удар на критики поради како што се оценува погрешните потези што водат до слабеење на меѓународното влијание на Лондон во Обединетите нации. Весникот „Дејли експрес“ ги објави наодите на Меѓупартискиот комитет за надворешни работи, во кои се предупредува дека сегашната влада несвесно им прави услуга на Русија и Кина.
„Владата на Сер Кир Стармер е предупредена дека Велика Британија им дава „подарок на Кина и Русија“ со ослабување на влијанието на земјата во Обединетите нации“, се истакнува во извештајот што го цитира овој британски дневен весник.
Комитетот предупредува дека недоследноста во надворешната политика, како и обидите да се задоволат одредени меѓународни актери, можат трајно да ја намалат дипломатската сила на Велика Британија. Ваквите случувања, се додава, директно им користат на Москва и Пекинг, кои со години се обидуваат да ги зајакнат своите позиции во глобалните институции.
Според анализата, ваквите чекори можат да имаат далекусежни последици врз способноста на Велика Британија да влијае врз одлуките на Советот за безбедност и другите тела на ОН, во кои интересите на Западот и евроазиските сили се повеќе се судираат.
Фото: принтскрин
Свет
Супертајфун се движи кон Филипините, илјадници евакуирани

Филипините денеска ја прекинаа работата и наставата низ областа Манила и поголемиот дел од земјата, бидејќи супертајфунот „Рагаса“ се приближува кон северен Лузон, најголемиот остров во земјата. Се очекува „Рагаса“ да донесе силни ветрови и обилни дождови.
Националните метеоролошки служби го кренаа степенот на тревога на оддалечените острови Бабујан на највисоко ниво и ги повикаа жителите на ниските и крајбрежните области да се евакуираат поради можноста од бури и поплави.
„Рагаса“ носи максимални ветрови од 205 километри на час и налети до 250 километри на час. Се предвидува дека тајфунот ќе стигне до копно или ќе помине покрај островите Бабујан околу пладне пред да го премине теснецот Лузон.
Тајванските власти издадоа копнени и морски предупредувања и ги откажаа летовите до источните градови, вклучувајќи ги Тајтунг и Хуалиен.
Закана и за Хонг Конг
Според прогнозите, бурата потоа ќе го погоди Хонг Конг додека се движи кон јужниот брег на Кина. „Блумберг њуз“ објави дека властите во финансискиот центар ги предупредиле жителите да се подготват за еден од најсилните тајфуни во последните години и размислуваат да го затворат аеродромот 36 часа.
Филипинските метеоролози предупредија на можни масовни прекини на електричната енергија, лизгање на земјиштето и опасни услови на морето, бидејќи надворешните појаси на бурата веќе го погодуваат северниот дел на Лузон. Авиокомпаниите откажаа повеќе од десетина домашни летови, главно на линиите до Лузон, додека пристаништата ги прекинаа услугите со фериботи.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп: Се надевам дека ќе се постигне дипломатско решение за Газа, таму владее хаос

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека се надева дека ќе постигне дипломатско решение за конфликтот во Газа, предупредувајќи дека во таа енклава владее хаос.
„Ја проучуваме Газа и се занимаваме со Газа многу интензивно. Постои вистински хаос“, рече Трамп, како што објави денес „Тајмс оф Израел“.
Во исто време, Соединетите Американски Држави сметаат дека признавањето на Палестина од страна на неколку нејзини сојузници, како што се Велика Британија, Австралија и Канада, е „перформативно“.
„Нашиот фокус останува на сериозна дипломатија, а не на перформативни гестови. Нашите приоритети се јасни – ослободување на заложниците, безбедноста на Израел и мирот и просперитетот за целиот регион, што е можно само без Хамас“, изјави еден од портпаролите на американскиот Стејт департмент под услов на анонимност, објави „Тајмс оф Израел“.
Фото: принтскрин