Свет
Бројот на жртвите од невремето во Јапонија се искачи на 78 лица
Најмалку 78 лица, од кои најголем дел од Хирошима, загинаа во поплавите во јужниот и западниот дел на Јапонија, јавија јапонските власти.
Портпаролот на јапонската влада, Јошида Суга рече дека судбината на најмалку 92 лица е непозната, а повеќе од 40 хеликоптери учествуваат во спасувачката акција.
„Спасувачите се борат со времето“, изјави јапонскиот премиер, Шинзо Абе и додаде дека спасувачките тимови прават сѐ што е во нивна моќ.
Нанесени се големи штети во повеќе јапонски области, меѓу кои Хирошима, Кјото и Окајава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Маж во Тузла ги убил сопругата и двете деца
М.Ч. синоќа во Тузла ги убил сопругата и двете малолетни деца, а потоа си го одзел животот скокајќи од 14 кат од зграда.
Маж се самоуби синоќа околу 21 часот и 15 минути, а денеска полицијата во станот го пронашла телото на неговата 34-годишна сопруга и децата на возраст од две и девет години.
Според неофицијалните информации кои ги објавија сараевските медиуми, мажот работел како медицински техничар во Германија, а во Тузла пристигнал пред неколку дена.
Истражните екипи денеска пронајдоа секира во станот во населбата Ступине во Тузла, со која наводно ги убил сопругата и децата.
Портпаролот на обвинителството во Тузла, Адмир Арнаутовиќ изјави дека ќе бидат издадени наредби за обдукција на телата на загинатите за да се утврдат точните причини за смртта.
Ќе биде издадена наредба за биолошко вештачење, ДНК анализа, како и други истражни дејствија и вештачења, со цел да се утврдат сите околности поврзани со овој настан, вклучително и начинот и начинот на трите убиства“, рече Арнаутовиќ.
Свет
Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми
Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската агенција ИРНА.
„Раиси загина во неделата како последица на хеликоптерска несреќа што се случи поради технички дефект на леталото“, се наведува во извештајот на иранската државна новинска агенција.
ИРНА не ја прецизираше природата на дефектот на хеликоптерот, објави ТАСС.
Екипите за пасување со часови ја пребаруваа нерамната површина од густа шума низ дожд и магла пред да го пронајдат местото на несреќата. Немаше преживеани.
Хеликоптерот со претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Регион
Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.
„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.
Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.