Забава
(Видео) Хрват фрли кауч низ прозорецот по победата над Русија

Триумфот на хрватската репрезентација над Русија во четвртфиналето на Светското првенство, предизвика голема еуфорија кај навивачите.
Така, додека некои славеа со песна, други со бакли, трети со алкохол, еден хрватски навивач го фрли каучот низ прозорецот.
Видеото го споделија медиумите во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Блејк Лајвли повторно во центарот на вниманието – не поради драмата со Балдони, туку поради совршената модна комбинација

Актерката Блејк Лајвли веќе некое време привлекува внимание на јавноста. Благодарение на нејзината драма со нејзиниот колега Џастин Балдони, светот коментира за секој нејзин потег – и позитивен и негативен.
Дури и американската новинарка Мегин Кели се вклучи, нарекувајќи ја Лајвли „нарцисоидна насилничка, лажлива и детиште“.
Сепак, се чини дека овие зборови воопшто не ја мачат 38-годишната актерка, бидејќи таа продолжува гордо и со насмевка да ги извршува своите должности како јавна личност.
Неодамна беше фотографирана во Њујорк, каде што присуствуваше на настан во американскиот колеџ „Fashion Institute of Technology“.
За таа пригода, таа одлучи да облече деловен аутфит кој го најавува доаѓањето на есенските трендови. Блејк носеше кафеаво одело – сако и миди здолниште, кое го комбинираше со проѕирна маица и интересни додатоци.
Својот стил го комплетираше со високи потпетици, брановидна коса и шминка во природни бои – најголемиот тренд за убавина.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Драстичната промена на убавата Анџелина: Кратко и јасно – полн погодок

Актерката Анџелина Џоли, која неодамна наполни 50 години, во последно време нè изненадува со неверојатни трансформации во својот изглед, а овој пат станува збор за драстична промена која привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Славната холивудска ѕвезда сè повеќе си игра со тонови на руса коса, а мора да признаеме дека нејзината одлука да ја осветли косата се покажа како голем успех, особено кога се појави на Филмскиот фестивал во Венеција.
Angelina Jolie makes her blonde debut on the set of 'ANXIOUS PEOPLE' in London. 🎬 pic.twitter.com/GHTrkq33jM
— GoldenSeries (@series_golden) September 4, 2025
Анџелина овој пат е сосема поинаква, но само за снимањето на новиот филм „Anxious People“ во кој нејзиниот лик бара кратка, строга руса боб фризура.
Во четвртокот беше фотографирана на снимањето во Лондон, а покрај сосема поинаква фризура, беше и специјално облечена; носеше елегантна крем комбинација запечатена со заводлив црвен кармин.
Angelina Jolie looking cute on the set of ‘Anxious People’ pic.twitter.com/5lHg86f4ly
— 𐌊🎱 (@lyntwig_) September 4, 2025
Анџелина Џоли времето помеѓу снимањата го помина со својот најстар син Медокс (24), кого го има од бракот со Бред Пит, а во овој филм ја игра улогата на банкарката Зара.
Таа моментално е во Лондон поради деловни обврски, но се повеќе кружат гласините дека ќе се пресели таму, особено по веста дека го продава својот луксузен имот во Лос Анџелес, кој го купи во 2017 година за 24,5 милиони долари, и дека планира да се исели од земјата штом нејзините близнаци Вивиен и Нокс наполнат 18 години.
First look at Angelina Jolie in ‘Anxious People’ pic.twitter.com/OIcPmHxcCV
— 𐌊🎱 (@lyntwig_) September 4, 2025
Пред неколку години, таа изјави дека се преселила во имот во Лос Анџелес затоа што сакала децата да бидат блиску до нивниот татко (Бред Пит), кој живее само на пет минути оддалеченост.
„Размислува за неколку локации во странство. Ќе биде многу среќна кога ќе може да го напушти Лос Анџелес“, тврди извор запознаен со нејзиниот живот сега.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) За крај – чист сексапил: бразилската убавица го даде последниот збор

Последната вечер од Филмскиот фестивал беше одбележана со парада на познати ѕвезди, а познатата бразилска убавица остави најголем впечаток.
Филмскиот фестивал во Венеција официјално заврши. За време на настанот, имавме можност да видиме гламурозни, но и ризични креации за кои ќе се зборува до следната година.
Најголем впечаток остави бразилската убавица Алесандра Амбросио, која одлучи да внесе допир на старомоден гламур за самиот крај.
Таа прошета по црвениот тепих во пудра розова тоалета украсена со долга дел кој се влечеше и интересни сребрени детали.
Може да се каже дека самата креација е комбинација од гламурозно и провокативно, бидејќи има длабоко деколте, но и шлиц што ги открива витките нозе.
Стајлингот го надополни со дискретни додатоци – златна огрлица и едвај забележливи обетки.
Косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за нежни бранови, но и за шминка во земјени тонови што само малку ги истакнуваа нејзините природни црти на лицето..
фото: принтскрин