Македонија
Три лица под истрага за смртта на „комитата“ Никола Саздовски

Три лица се под истрага во врска со смртта на 21-годишниот навивач Никола Саздовски, кој почина утрово во болница. Од скопското Обвинителство велат дека по прибирање на релевантниот доказен материјал, негово проучување и анализа, ќе донесе одлука во која ќе утврди и правна квалификација на стореното дело.
Од таму велат дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против три лица за сторено кривично дело насилство од член 386, став 6, во врска со став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во ова кривично дело во став 6 е нормирана и настаната тешка телесна повреда или смртна последица од извршеното кривично дело насилство.
Саздовски на 29-минатиот месец околу 17.30 часот беше нападнат во Автокоманда од три лица што излегле од автомобил „мерцедес“. По нападот, лицата избегале, а тој во неконтактибилна состојба бил пренесен на клиника во Скопје. Оттогаш беше во кома, а почина утрово. Надлежен јавен обвинител денеска донесе наредба за вршење обдукција за да се утврди од што точно починал.
Полицијата на 2 јули поднесе кривична пријава против Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ. (19), сите од Скопје, за сторено кривично дело насилство.
Никола беше навивач на „Вардар“. Од навивачката група „Комити“ изразија револт зошто осомничените се гонат за насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.