Македонија
ВМРО-ДПМНЕ да престане да го кочи изборот на ДИК, порача СДСМ
Владејачкиот СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека продолжува со деструктивните политики на штета на граѓаните и државата. Како што велат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ ги кочи реформите и се обидува да го кочи напредокот на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО.
„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ последниов период намерно блокира неколку собраниски комисии на кои се расправа за реформски закони. ВМРО-ДПМНЕ ја блокира и постапката за формирање на Државната изборна комисија, со што го доведува во прашање одржувањето на референдумот за иднината на државата.
За ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, не се важни ниту потребите на граѓаните ниту државните интереси. За нив, единствено важна е одбраната на криминалот и судбината на Никола Груевски и фамилијата. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ измислува нови барања, техничка влада, амнестија и сл. Сака да прикаже вештачка криза, само за да ги спаси криминалците од одговорност. Тоа е единственото нешто за кое Мицкоски се бори.
Треба да биде јасно, амнестија за криминал нема да има. Никогаш нема да прифатиме амнестија на криминалци.
Изборниот законик и Законот за финансирање на политичките партии се одамна усогласени и ние сме подготвени веднаш да ги поддржиме во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги прифати текстовите на законите, кои веќе се напишани.
ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да престане да ја блокира работата на Комисијата за избори и именувања. Веднаш да се избере новиот состав на ДИК за воопшто да може да се организира референдум. Ако тоа не го направат, значи дека ВМРО-ДПМНЕ не сака референдум и бега од избори. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се плаши од волјата на граѓаните.
Македонија забрзано чекори напред и враќање назад нема. Македонија нема да биде заложник на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мнозинството како и секогаш досега ќе ја преземе одговорноста за државата наспроти неодговорната опозиција, која секојдневно сака да ни ги затвори вратите за ЕУ и НАТО, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

