Свет
Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, поднесе оставка
Шефот на британската дипломатија попладнево поднесе оставка од функцијата. Веста ја потврди и британската влада, според која, Џонсон одлучил да си поднесе оставка на функцијата поради несогласување со политиката на премиерката Тереза Меј. Неговата оставка е прифатена и наскоро се очекува да се знае неговиот наследник.
Ова е втора оставка во владата на Меј за неполни 24 часа откако беше објавена одлуката за стратегијата за напуштање на Европската Унија. Меј на крајот на минатата недела ја усвои стратегијата за т.н. „мек брегзит“ која предвидува зона на слободна трговија со ЕУ за индустриски и земјоделски производи. Во делот на трговијата Британија и натаму ќе треба да се придржува до заедничките правила со ЕУ. Борис Џонсон беше предводник на кампањата за брегзит во текот на референдумот и во преговорите за напуштање на Унијата ја застапуваше политиката на „тврд брегзит“, односно целосно расчистување и одделување на Британија од ЕУ.
Претходно, оставка поднесе и британскиот министер Дејвид Дејвис. На местото на Дејвид Дејвис, кој досега ја предводеше британската преговарачка делегација за брегзит и му беше партнер за разговори на претставникот на Европската комисија, Мишел Барние, е назначен Доминик Раб, досегашен државен секретар во британското Министерство за градежништво.
Британците на референдумот на 23 јуни 2016 година со тесно мнозинство решија да излезат од членството на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Извор: САД и Украина напредуваат, но остануваат разлики во три клучни точки
Извор директно запознаен со разговорите изјави дека меѓу САД и Украина е постигнат напредок во формулирањето на нов нацрт-предлог за завршување на војната, но дека и понатаму постојат значајни разлики и не е постигната согласност за конечниот текст.
Изворот објаснил дека постојат најмалку три клучни области во кои сè уште има разлики. За чувствителното прашање дали Украина ќе отстапи територија што Русија сè уште не ја зазела, тој навел дека одлука сè уште не е донесена. „Би било многу погрешно да се каже дека сега имаме верзија што Украина ја прифаќа“, изјавил изворот.
Во врска со предлогот Украина да го ограничи бројот на својата војска на 600.000 војници – бројка што беше предвидена во планот од 28 точки кој протече минатата недела – изворот за CNN кажал дека е предложена нова бројка, но дека Киев сака дополнителни промени пред да биде подготвен да се согласи.
За прашањето Украина да се откаже од својата амбиција да стане членка на НАТО, изворот за CNN навел дека овој услов е неприфатлив. Тој тврди дека таков отстапок би поставил „лош преседан“ со кој на Русија би ѝ се дало ефективно право на вето врз нечие членство во НАТО.
Регион
Милановиќ: Војната е посреднички судир меѓу Вашингтон и Москва и ќе се реши само со нивен договор
Дијаболичен е советот на западните лидери до Украина да не го прифати мировниот план што го понудија американскиот претседател Доналд Трамп и Русија, изјави во Загреб хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
„Дали тоа е нивно население? Дали некој има земно и божјо право да ја донесе оваа одлука без Украинците? Тие нека одлучат, но од страна да им се сугерира дека не смеат да го прифатат тоа што го нудат Трамп и Русија — која е цената за тоа?“, рече Милановиќ пред новинарите на изложбата „Череп C – светско палеоантрополошко наследство“ во Хрватскиот природонаучен музеј.
„Тоа е всушност ѓаволско, сатанистичко, да не кажам неморално. Од каде ми е правото да му советувам некому: не се согласувај со тоа, значи, продолжи да умираш. Бидејќи тоа е она што се случува. Луѓето умираат и територија се губи“, додаде тој.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно рече дека планот на Трамп оди во вистинска насока, но дека постојат аспекти што треба да се подобрат за да биде прифатлив за Украина и Европа.
Почетната верзија на американскиот документ предизвика противење од Киев и неговите европски сојузници – Париз, Лондон, Берлин и Рим – кои се собраа во Женева во неделата за да спречат мировен договор што би значел капитулација.
Милановиќ истакна дека никој од оние што зборуваат за ова, како шефовите на повеќето европски држави, нема реално влијание, но тоа не ги спречува „да создадат некаква форма на хаос“.
Тој повтори дека војната во Украина е посредничка војна меѓу Вашингтон и Москва и дека ќе биде решена само со договор меѓу нив.
Според него, од едната страна е НАТО, сојуз кој со години се шири„на прилично арогантен начин, а од другата страна е Русија, опасна сила која постојано предупредувала на тоа.
„Потоа морализираат и му даваат совети на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски, кој, за своја заштита, сакал да постигне договор со Русите во 2022 година во Истанбул, а пред тоа во Минск, при што ништо не требало да оди во Русија“, рече Милановиќ, додавајќи дека импулсите на украинското раководство биле точни.
Зеленски, според него, бил спречен од „агенти на хаосот“ кои го охрабрувале да се бори и го уверувале дека ќе го поддржуваат колку што треба „сè додека не се предомислат“.
„Тие отидоа да преговараат за спроведување некаква верзија од договорот налик на Минскиот од 2014 година, кој европско-американската структура постојано го рушеше со намера да предизвика конфликт и да ја ослаби Русија — и успеаја спектакуларно“, рече Милановиќ.
На новинарско прашање дали мировниот договор би можел да ја охрабри Русија, хрватскиот претседател одговори дека Русија „нема сила за ништо повеќе од ова“.
„Еден ден од истите луѓе слушаме дека Русија е држава која не е ништо повеќе од бензинска пумпа со нуклеарно оружје. Од друга страна, слушаме дека е толку опасна што Германците треба да почнат да се вооружуваат и да чуваат оружје и муниција дома. Што е вистина?“
Тој додаде дека може да ги разбере чувствителностите и стравовите на балтичките држави или Полска од Русија, „но не и на некои други земји“.
Свет
Европски премиери заглавени во Франкфурт – Луфтханза се извини поради инцидентот
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ упати извинување поради инцидентот во кој премиерите на Финска, Данска и Луксембург во неделата навечер останале заглавени на аеродромот во Франкфурт поради технички дефект, што довело до нивно доцнење или спречено присуство на самитот ЕУ–Афричка унија во Луанда, Ангола.
Според извори на Euractiv, европските лидери, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кaja Калас, чекале на пистата кога авионот не можел да полета. Финскиот премиер Петери Орпо со големо доцнење стигнал во Луанда, додека Калас, данската премиерка Мете Фредериксен и луксембуршкиот премиер Лук Фриден го откажале патувањето.
Портпаролот на „Луфтханза“, Борис Огурски, потврдил дека летот LH560 од 23 ноември доцнел 13 часа и 25 минути поради дефект на системот за информирање на патниците. Тој изразил жалење за непријатностите, но додал дека од „причини за заштита на податоците“ не може да открие кои патници биле во авионот.
Огурски навел дека можело да се обезбеди резервен авион, но ноќната забрана за летање што стапува во сила во 23 часот во Франкфурт спречила било какво решение.

