Македонија
Спасовски: Размената на информации е клучна за ефикасна борбата против безбедносните предизвици

На самитот во Лондон што се одржува во рамките на берлинскиот процес министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, имаше свое обраќање во рамките на сесијата на која се дискутира за споделување информации и соработка помеѓу земјите.
Toj ја истакна важноста од меѓународната соработка и размената на навремени и точни информации како клучна активност што придонесува кон зголемена ефикасност во борбата против актуелните безбедносни закани и предизвици. Свесни за ова, институциите надлежни за спроведување на законот во Република Македонија спроведуваат мерки и активности со кои ќе ја олеснат и поедностават оваа комуникација и размената на информации ќе биде искористена во насока на справување со организираниот криминал, тероризмот, но и сите облици на загрозување на сигурноста и безбедноста на државите од регионот. За Mинистерството за внатрешни работи од особена важност е враќањето на довербата и сигурноста кај своите партнерски служби и гаранцијата дека добиените информации ќе бидат соодветно наменети, истакна тој.
Земјите учеснички ја потпишаа заедничката декларација за начелата на размена на информациите од областа на спроведувањето на законот со која се утврдуваат начелата, содржината и целите за размена на специфичните информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар