Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку млади животи треба да бидат загрозени за Спасовски да понесе одговорност
Република Македонија го допре дното и на економски, и на политички и на безбедносен план. Безбедноста во главниот град на државата е загрозена, а криминалните вооружени пресметки се секојдневие и во остатокот од државата. Наместо живот, Заев и криминалниот картел донесоа насилство, убиства, закани и уцени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, десетици убиства сред бел ден повеќе од една година се неразјаснети, а институциите, наместо да работат во согласност со законите, се ставаат во заштита на криминалот. „Уште колку млади животи треба да бидат загрозени за Спасовски да понесе одговорност за хаосот што го креира? 21-годишниот Никола Саздовски го загуби својот живот кога беше брутално нападнат на автобуската станица во Автокоманда.
Спасовски пред медиумите на СДСМ правеше спектакуларни прес-конференции за неизмиено возило, а око не му трепнува за прерано загубениот млад човечки живот.
Тоа се лицемерството и двојните стандарди на СДСМ“, се додава во соопштението.
Партијата смета дека додека „во државата владее безредие и хаос, економијата тоне, а граѓаните стануваат сè посиромашни. Зад Зоран Заев стои само еден проект, а тоа е уништување на сè што е македонско“.
„Тој ја запечатува судбината на државата и го менува името за кое генерации и генерации се бореле и го дале животот за идејата за своја држава. Кусо кажано, во неговата агенда стои само уништување на Македонија како на меѓународен така и на домашен план. Се надева дека до распродавањето на највисоките државни и национални интереси ќе ги покрие криминалот и неспособноста.
Економијата повеќе од една година е во целосен колапс. Платите паѓаат, а цените растат. Државниот завод за статистика потврди дека цените на мало во јуни оваа година се повисоки 2,8 отсто од јуни минатата година, а трошоците за живот во истиот период 1,4 отсто.
Главниот мотор на економијата, градежништвото, што со себе носи 20 гранки, е во слободен пад од 37 проценти. Имаме нула раст на БДП, а откако СДСМ е на власт, горивото се покачи 30 проценти. Земјоделците се принудени да го фрлаат својот производ на буниште затоа што државата не успева да обезбеди пласман и сигурен откуп. Наместо животот што го ветуваше, Заев донесе донесе чемер и јад. Со СДСМ на власт животот на граѓаните е полош од кога било. Со СДСМ и Зоран Заев граѓаните се понижени и изневерени. Граѓаните не се должни да живеат во страв и насилство и затоа ова мора веднаш да престане“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

