Македонија
(Видео) Заев: Со пенкало турнавме режим, со пенкало добивме кандидатски статус
Ви реков дека ќе падне режимот? Падна режимот? Рековме дека ќе бидеме 30. членка на НАТО? Станавме 30. членка на НАТО. Пенкалото нè движи сите нас. Со пенкало турнавме режим и со пенкало добивме кандидатски статус. Ни под точка разно не размислувам дека нема да успее референдумот, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање што ако референдумот за промена на името не успее.
Заев од Брисел, откако ја прими поканата од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека вербата во договорот со Грција е вербата која им дава сила и убедување дека ќе успеат процесите кои следуваат. „Убеден сум и дека сите политички фактори се за интеграција во НАТО и ЕУ и сите тие сакаат унапредување на соработката со соседите“, рече Заев.
Тој повтори дека е убеден дека огромно мнозинство ќе излезе на референдумот и дека ќе биде исполнет цензусот. Исто така, кажа дека и Грците ќе го поддржат договорот. „Верувам и дека Грција ќе го заврши својот дел од договорот. Правиме голем чекор и Грција прави голем чекор. Договорот е правичен и знам дека ќе донесе само бенефит, прогрес и просперитет и за двете земји и за нивните граѓани. Убеден сум дека не ни требаат 5 или 10 години туку за неколку меесеци граѓаните ќе почувствуваат корист од договорот“, рече Заев.
Претходно, Столтенберг, заедно со поканата за членство во НАТО која му ја врачи на претседателот на Владата, Зоран Заев, симболично му подари и пенкало.
Откако се фотографираа со поканата, Заев го бакна подареното пенкало.
За време на свечената церемонија генералниот секретар на НАТО истакна дека по завршувањето на внатрешните процедури и ратификување на договорот, Македонија ќе седи на иста маса со сојузниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

