Македонија
Владина делегација на состанок со Могерини и Хан во Брисел

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ја продолжува својата работна посета на Брисел, каде што заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе учествува на четиринаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската Унија.
На состанокот се очекува да бидат разгледани темите за односите меѓу Република Македонија и Европската Унија во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, подготовките и предизвиците што произлегуваат од временската рамка за почеток на преговорите, која неодамна ја усвои Советот на ЕУ, како и другите теми поврзани со европските интеграции на земјава.
На состанокот делегацијата на ЕУ ќе ја предводат високата претставничка на ЕУ и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, а по завршување на состанокот, планирано е одржување и на заедничка прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.