Контакт

Македонија

РСБСП со совети до тинејџерите како да бидат одговорни возачи

Објавено пред

Имајќи го предвид фактот дека сообраќајните незгоди се водечка причина за смрт и повреди кај младите лица, родителите со право се загрижени дали нивните деца ќе бидат добри и одговорни возачи. Иако не постои апсолутна гаранција, сепак РСБСП ќе се обиде со неколку предлози да ви помогне да придонесете вашето дете да биде безбеден и одговорен возач.

dobivaj vesti na viber

• Бидете позитивен пример од кој вашето дете треба да учи. Децата и тинејџерите најчесто и најлесно учат преку примери. Студија спроведена од safekids.org покажува дека најголемо влијание врз однесувањето на тинејџерите во сообраќајот имаат нивните родители. Ако тинејџерите ги видат родителите да пишуваат пораки и да возат или да возат под дејство на алкохол, ќе претпостават и ќе изградат став дека тоа е прифатливо однесување во возењето.
За да бидете сигурни дека вашето дете тинејџер учи безбедни и паметни возачки навики, како родител треба да се поставите како добар и позитивен пример. Еве ги основните работи што треба секогаш да ги имате предвид:
– Секогаш ставајте сигурносен појас – без разлика колку далеку возите;
– Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината;
– Почитувајте ги сите сообраќајни знаци;
– Никогаш не возете под дејство на алкохол;
– Не користете мобилен телефон додека возите и др.

• Поставете лични стандарди и принципи на однесување во сообраќајот и секојдневно почитувајте ги:
– Бидете трпеливи и толерантни во сообраќајот;
– Почитувајте ги пешаците и велосипедистите;
– Бидете внимателни каде паркирате;
– Правете почести паузи за одмор кога патувате на подалечна дестинација;
– Не консумирајте храна зад воланот;
– Секогаш кога ќе седнете во возилото, проверете го и наместете го ретровизорот;

– Немојте постојано да ја менувате музиката или радиоканалот додека возите и не пуштајте премногу гласна музика додека возите;
– Бидете грижливи за вашиот автомобил и за неговата техничка исправност.

• Бидете сигурни дека вашето дете ги знае опасностите и последиците од неодговорното возење. Пред вашето дете да ја добие возачката дозвола, разговарајте со него и укажете му за можните последици од неодговорното учество во сообраќајот. Разговарајте со него и укажете му како и од кого да побара помош и како да се однесува во случај на несакана ситуација.

• Ограничете го бројот на патници во автомобилот. Истражувањата покажуваат дека ризикот од сообраќајни незгоди се зголемува кога тинејџерите се возат со други тинејџери во автомобилот. Одвлеченото внимание и желбата за докажување пред другите често ги наведува младите возачи на погрешно однесување во сообраќајот. Затоа, додека вашето дете не демонстрира зрелост, разговарајте со него, поставете правила и ограничете го бројот на патници во возилото на еден или двајца. Иако оваа мерка може да предизвика негодување кај вашето дете, верувајте дека еден ден ќе сфати дека тоа било направено за негово добро.

• Бидете информирани. Како родител, сѐ додека вашето дете е тинејџер и возач почетник, секогаш треба да знаете каде оди, со кого се дружи и како се однесува во сообраќајот. Кога тргнува на пат на подалечна дестинација, треба да знаете каде оди, по која рута и кога се очекува да пристигне на посакуваната дестинација. Замолете го по пристигнувањето да ви пише или да ви јави и да ве извести дека пристигнало безбедно. Во случај на незгода, ќе знаете кој пат да го проверите и кога треба да почнете да се грижите.

• Поставете „полициски час“. Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возач-почетник на моторно возило не смее самостојно да управува возило во патниот сообраќај во периодот од 23.00 часот до 05.00 часот. Возењето во текот на ноќта може да биде опасно дури и за искусни возачи. Во ноќните часови младите често консумираат алкохол и затоа додека вашето дете не изгради свест и додека не демонстрира зрелост, бидете сигурни дека ја почитува оваа законска одредба.

• Доверете му одговорност на вашето дете. Една од грешките што ги прават родителите е тоа што грижата за полагање возачки испит ја земаат за своја. Дозволете му на вашето дете самостојно да одбере автошкола и не правете му притисок кога и како ќе го положи возачкиот испит. Едноставно, само објаснете му дека тоа е негова одговорност и дека мора да биде комплетно подготвено и теоретски и практично за да добие право за управување моторно возило. На тој начин вашето дете ќе знае дека одговорноста пред сè е негова и лична, а не на родителите или на некој друг.

• Најважно од сè: Не отстапувајте му го на користење семејниот автомобил сè додека не добие возачка дозвола од соодветната категорија. Како родител секогаш треба да демонстрирате карактер и почитување на законот доколку сакате тоа да го прави и вашето дете. Затоа, не прифајќајте никакви објаснувања, оправдувања и ветувања и никогаш не согласувајте се да му го отстапите семејниот автомобил без да положи возачки испит. За да го намалите притисокот што може да биде континуиран и силен, понудете му опција да се подготви и да почне да учи и да полага за возачка дозвола.

Имајќи го предвид фактот дека според Светската здравствена организација, во просек, годишно, на светско ниво, околу 400.000 млади лица го губат животот во сообраќајни незгоди, односно околу 1.100 млади животи секој ден се губат на патиштата во светот, неминово се наметнува прашањето и за родителската одговорност.

„Родителска обврска е да ги воспитуваме и едуцираме децата да бидат вредни и чесни, да ги учиме на култура и толеранција, на почит и самопочит, но исто така родителска обврска е да ги учиме да бидат одговорни учесници во сообраќајот и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, секогаш и секаде, затоа што сообраќајот е многу сериозен извор на опасности и закани за животот и здравјето на младиот човек. Бидете одговорен родител и помогнете му на вашето дете да биде одговорен возач“!, апелира РСБСП.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Објавено пред

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

dobivaj vesti na viber

Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.

Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Македонија

Меџити прими жители од Страчинце: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина

Објавено пред

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село.

dobivaj vesti na viber

Министерот Меџити ги информираше жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука. Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, велат од Министерството.

На состанокот беше истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.

Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.

Жителите на Страчинце се заблагодарија за одлуката и за приемот што го оствари министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа26 минути

(Видео) Трагедија во Турција: туристка почина откако беше удрена од глисер додека пливаше покрај брегот на Кемер

Русинка загина на првиот ден од нејзиниот одмор од соништата во Турција, откако беше удрена од глисер. Линарија Музипова, 42,...

Свет37 минути

(Видео) „Ова е Америка на Трамп“: Агентите на Службата за имиграција уапсија барател на азил, ја фрлија мајката на подот пред децата

Видео кое стана вирално на социјалните мрежи покажува како агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) насилно се...

Свет1 час

(Видео) Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

Маж со оружје беше снимен пред продавница „Волмарт“ во Флорида, еден од првите што ја искористи новата дозвола за носење...

Европа2 часа

Лукашенко: Путин има предлог за прекин на војната, Трамп го поддржува

Белорускиот претседател Александар Лукашенко по денешната средба со неговиот руски колега Владимир Путин изјави дека рускиот лидер ќе објави „многу...

Европа2 часа

(Видео) Германија забележа дронови на границата со Данска: „Истражуваме можна саботажа“

Министерството за внатрешни работи на северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн соопшти дека беспилотни летала биле забележани во текот на ноќта и...

Македонија2 часа

Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот...

Свет2 часа

Трамп: Мислам дека можеби имаме договор за Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека верува оти е многу блиску до договор за...

Свет2 часа

Зеленски на таен состанок ги побарал од Трамп моќните проектили „Томахавк“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од Доналд Трамп ракети „Томахавк“, на состанок зад затворени врати, објави „Телеграф“. Зеленски му кажал...

Европа4 часа

Орбан: Нема да се поклониме пред барањата на Брисел – нашата енергетска безбедност и нашите семејства мора да бидат на прво место

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Унгарија не може да се обвини...

Свет4 часа

(Видео) Нетанјаху зборуваше на хебрејски во ОН, мавташе со карти, па ги нападна европските земји

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска остро ги осуди западните земји за признавањето на палестинската државност, обвинувајќи ги дека испраќаат порака...

Македонија7 часа

Мицкоски: Не ми паѓа на памет да размислувам за било какви уставни измени, без гаранции

Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме...

Македонија8 часа

Депонијата во Струга е една од најопасните, ако не се преземат мерки, ќе биде црна точка по бројот на заболени од канцер, велат од „Вреди“

Според „Вреди“, дивата депонија во Струга, отворена во 2006 година како „привремено решение“, денес е претворена во една од најопасните...

Македонија9 часа

За 29.539 се зголемил бројот на избирачи што се на привремена работа или престој во странство во споредба со изборите во 2021 година, заклучен Избирачкиот список

Државната изборна комисија го заклучи Избирачкиот список за претстојните локални избори. Право на глас имаат вкупно 1.832.415 избирачи. Има 7.551...

Македонија9 часа

По убиството на Росица, дисциплински постапки за 11 полициски службеници; МВР утврдило дека по дел од пријавите на жртвата не било постапено

Министерството за внатрешни работи известува дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални...

Македонија13 часа

Изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново

По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сѐ...

Македонија13 часа

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Општина Аеродром информира дека до МВР и Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради,...

Македонија13 часа

Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит...

Македонија13 часа

За два дена над 200 прегледани лица во Трубарево, уште 8 упатени на Пулмологија

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на жителите на Трубарево, со цел навремено откривање...

Македонија15 часа

Пешаците и возачите на велосипеди и тротинети од денес под нови правила: нема слушалки и телефони

Од денес стапуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Републичкиот совет за безбедност...

Свет16 часа

Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западен Брег, одбивајќи ги барањата на дел...