Македонија
(Видео) Заев: Македонија има причина да слави, ги остваруваме заедничките стратешки цели!
Премиерот Зоран Заев кој вечерва присуствуваше на прославата во Битола, што ја организира Владата по повод поканата од НАТО за почеток на пристапни преговори за членство на земјата во алијансата, порача дека земјава има причина да слави.
„Дочекавме големи настани. Ги остваруваме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички сонови и надежи. Концертите вечерва се покана за обединување, со сите наши политички разлики, околу остварените стратешки цели на нашата земја – Членството во ЕУ и во НАТО.
Ова се настани што ни се дадени и заслужени и за нешто друго: Да го испратиме во историјата, да го заборавиме еднаш засекогаш синдромот да го порекнуваме успехот на другиот! Зашто секој успех е успех за сите нас. За секој граѓанин.
Зашто тоа што го направи Македонија за само една година е успех на сите нас. Без разлика на политичката определба.
Имаме зошто да славиме и да се издигнеме над делбите.
Сега како никогаш досега да си подадеме рака. Сакам да ги повикам сите граѓани и да им порачам: Денеска силите што не делат – не се толку силни како силите што не обединуваат! Силите што не обединуваат се датумот за преговори со ЕУ и поканата за членство во НАТО. Тоа се силите што ни ја отворија иднината.
Ги повикувам сите граѓани, САМИ да си одговорат на прашањето: Каде бевме пред една година, каде сме денес?
Македонија е слободна земја. Секој граѓанин самостојно одлучува и ќе одлучува за својот став. Ја повикувам уште еднаш, и ќе ја повикувам опозицијата отсега натаму секој ден: Ајде да ја избереме македонската иднина! Нашата заедничка иднина. Ајде да престане сеењето омраза. Да се издигнеме над делбите и разликите. Заради нас, заради нашата држава, и заради иднината на нашите и на следните генерации, порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Граѓаните жестоко ги казнија политиките на Филипче под менторство на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Македонските граѓани направија вистински избор, во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни лица кои посветено ќе работат за подобрување на животот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа не е вистинскиот избор само кој да ги води општините, туку тоа е вистинскиот избор за Македонија да почне да ги гради темелите кои се рушеа за седумгодишното владеење на СДС.
Граѓаните ги препознаа досегашната работа, искрените намери и одлучност Македонија да почне да се развива, затоа и ги избраа кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.
На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник, освои 54 општини и градот Скопје.
Овие локални избори се значајни и поради фактот што во општини како Кичево, Карпош и Струга со победата на ВМРО-ДПМНЕ се случија и историски промени.
Благодарение на поддршката и довербата од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ издвојува големи победи и во Валандово, Дојран, Брвеница, Берово, Делчево, Демир Капија, Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чучер Сандево, до сега раководени од кадри на СДС.
Со победата на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје, граѓаните избраа работа, решавање на хаосот и реални проекти за развој на градот.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и во останатите општини убедливо победија, наспроти нивните противкандидати.
Од друга страна, пак, на овие избори СДС доживеа уште еден огромен дебакл и сега веќе е трета партија во државата, зад ВРЕДИ, нашиот коалициски партнер.
Со околу 126 илјади гласа, СДС освоени само 6 општини и околу 230 советника. На ова ниво, до сега СДС никогаш не биле.
Ова е јасна порака дека граѓаните се против политиките на Венко Филипче и неговиот ментор, Зоран Заев. Наместо да се оградат и дистанцираат од него, Филипче и целото раководство на СДС, продолжуваат да го величат ликот и делото на Заев, човек кој ја распродаде и уништи Македонија.
Тоа граѓаните, не само што веќе не го трпат, туку и жестоко го казнуваат.
На Македонија и треба силна опозиција која со конструктивни политики и со луѓе со кредибилитет, ќе биде коректор на власта. А, Филипче и ова раководство на СДС во моментов се во политички офсајд и без никаков кредибилитет.
Затоа се потребни итни промени во раководството на СДС, време е Филипче да замине од политиката и да ја ослободи партијата за нови и некомпромитирани кадри“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле
Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице.
На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во „поубав и поевтин хотел“.
Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. За една од осомничените жени која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува од нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

