Регион
Вучиќ се сретна со Макрон: Србите и Французите во ист ден станаa светски шампиони

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, рече дека Србија повторно гледа кон Париз и дека Франција денес има многу поважна улога за целиот регион.
Ова го изјави на заедничката конференција со францускиот претседател, Емануел Макрон, каде што кажа дека тие двајца разговарале за многу прашања, но дека особено се фокусирале на иднината.
„Претседателот Макрон многу бргу успеа Франција да ја врати на местото што ѝ припаѓа во Европа и светот. Разговаравме за иднината на целиот регион, за дијалогот меѓу Белград и Приштина и мислам дека постигнавме висок степен на консензус за клучните прашања“, рече Вучиќ.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, истакна дека Франција сака да ѝ помогне на Србија на европскиот пат.
Макрон додаде дека Србија се покажала како сигурен партнер. Тој воедно посочи и дека ја прифатил поканата на српскиот колега и дека ќе дојде во посета на Србија.
Вучиќ исто така му честита на Макрон за победата на Франција на Светското првенство во фудбал и победата на Новак Ѓоковиќ на Вимблдон ја означи како еден вид светски шампионат.
„Ние Србите и Французите во ист ден станавме светски шампиони“, рече Вучиќ, кој на Макрон му честита и на француски јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.