Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Начинот на кој СДСМ сака да го промени Изборниот законик отвора можност за манипулации
Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик се обид за создавање простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната изјава на Александар Кирацовски од СДСМ.
Оттаму обвинуваат дека со ваквиот потег владејачката партија сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса овие измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата.
„Само на тој начин може да се гарантира фер и демократски услови при изборен процес и вистинско изразување на волјата на граѓаните. Флагрантната злоупотреба на европското знаменце на закони што не се во согласност со европското право е само уште еден од низата директни удари врз демократијата“, сметаат од опозициската партија.
Додаваат и дека лажното подметнување на ставот на Венециската комисија е уште еден доказ дека СДСМ ги преминува сите граници на пристојност и демократска култура.
„ВМРО-ДПМНЕ останува на принципиелните барања, утврдени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за концептот за финансирање на политичките партии и Владата во согласност со договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес“, се наведува во партиското соопштение кое завршува со пораката дека криминалите на Зоран Заев и картелот на власт не смее да се покриваат со продавање на највисоките национални интереси и напад врз демократијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.