Македонија
(Видео) Заев за Глигоров: Почит за великанот, да ја заокружиме неговата визија за европска Македонија

Глигоров е несомнено еден од великаните на современата историја на Македонија и на вековниот стремеж на македонските граѓани за самостојност, порача претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, во Штип, на отворањето спомен-соба на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.
„Од НОБ и АСНОМ, чиј учесник беше, па сѐ до неговите два мандата како претседател во најважните мигови за создавањето самостојна македонска држава, претседателот Глигоров речиси половина век беше во врвот на нашата политика. Имаше важни и клучни улоги и се вгради во нашата историја како еден од носечките столбови, врз чии идеи и дејствување се создаваше нашата државност“, рече во своето обраќање премиерот Заев.
Тој посебно истакна дека претседателот Глигоров, неговата мудрост, огромното политичко искуство и неговиот интелект, беа од огромна предност и ѝ помогнаа на Македонија да излезе речиси недопрена од крвавиот распад на Југославија и да стане меѓународно признаен ентитет.
„Под мирната рака и водство на Глигоров успеавме да пребродиме блокади од соседите, санкции и војни во соседството, да се издигнеме и над внатрешните предизвици и поделби. Македонија во тие први години од самостојноста, иако во исклучително тешки околности, го газеше цврсто и непоколебливо својот пат кон заедницата на независни држави“, рече премиерот Заев и додаде:
„Две децении подоцна, по сите голготи низ кои поминавме, се наоѓаме пред самата цел на втората етапа, на самиот праг на остварување и заокружување на таа визија. Македонија – суверена и самостојна. Македонија на Запад – дел од НАТО и ЕУ. Македонија – просперитетна, земја што оди напред и отвора нови можности за своите граѓани“.
Според Заев, Глигоров би се гордеел на овие наши постигнувања и би бил среќен за просперитетната иднина и можностите што се отвораат пред неговите сограѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје.
Претставката до Комисијата ја поднел Александар Насковски, претседател на синдикатот и професионален војник, на 12 ноември 2024 година. Според него, Министерството со години не го трансформира работниот однос на професионалните војници од определено на неопределено време, спротивно на член 46 од Законот за работни односи.
„Професионалните војници се единствената категорија вработени во државата кои работат и по 25 години со договори на определено време, често продолжувани и по седум или осум пати, без можност да остварат право на пензија“, изјави Насковски.
По долготрајна институционална игнорација, синдикатот на 3 јуни 2025 година достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата до Собранието и сите пратенички групи. Со предложените измени се предвидува конечно уредување на статусот на професионалните војници и спроведување на препораките од Комисијата.
Синдикатот очекува Министерството за одбрана и пратениците да постапат по препораките и да ја исправат, како што велат, децениската неправда, со што ќе се постигне и буџетска заштеда за институцијата.
Македонија
Ангелов на состанок во Берово: Планирање на акција за справување со пожарот над Русиново

Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, синоќа присуствуваше на координативниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Берово, предводен од градоначалникот Звонко Пекевски.
На работниот состанок се анализираа извештаите за движењето и интензитетот на пожарот во планината над селото Русиново. Како главни предизвици беа посочени променливиот ветер, остатоците од стари пожари – шупливи дрвја кои при горење паѓаат по стрмнините – како и непристапниот терен, што значително го отежнува гаснењето.
Според соопштението од ДЗС, состанокот траел подолго поради разгледување на повеќе стратегии за утринска интервенција. Се планира комбинирана акција со теренски сили, механизација и ангажман на воздухоплови, чија активност ќе се координира од земја во согласност со конкретните дневни услови.
Ова е дел од континуираните напори за справување со активните пожари во источниот дел на земјата.
Македонија
Tри улици од Карпош ќе останат околу шест часа без струја

Без електрична енергија денес ќе останат корисниците од три улици во Карпош.
Во периодот од 08.15 до 13.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Иван Цанкар – парни броеви, Франц Прешерн – непарни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош ), информира ЦУК по известување добиено од ЕВН.