Контакт

Економија

НБРМ: Усогласување на статистиките со најновите европски стандарди

Објавено пред

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека во текот на јули и август 2018 година ќе објави податоци од монетарната статистика, статистиката на другите финансиски институции и статистиката на каматните стапки, по нова методологија.

dobivaj vesti na viber

Методолошките промени се направени заради усогласување со препораките од новообјавениот прирачник и упатство за монетарна и финансиска статистика на Меѓународниот монетарен фонд од 2016 година (MFSMCG – IMF, 2016) и Техничката мисија на ММФ од областа на монетарната и финансиската статистика во НБРМ од 2015 година и придонесуваат за обезбедување квалитетни и конзистентни статистички податоци усогласени со највисоките меѓународни и европски статистички стандарди.

Податоците за одделните статистики ќе бидат објавени во согласност со утврдениот календар на објавување, а истовремено заради обезбедување конзистентност, ќе бидат објавени и ревидирани временски серии податоци.

НБРМ, покрај податоците, ќе објави и информација за клучните методолошки промени, како и нови методолошки објаснувања.

Економија

Мицкоски: Владата почнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси

Објавено пред

Владата почнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за усвоената информација на вчерашната седница на Владата, која се однесува на потребата од набавка на еколошки автобуси.

dobivaj vesti na viber

„Владата на вчерашната седница донесе одлука за почнување постапка за набавка на 120 автобуси. Од тие, 80 ќе бидат наменети за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, а 40 во оваа првична фаза ќе бидат распределени на другите сообраќајни претпријатија во општините во кои имаме организиран јавен градски превоз. Врз основа на потребите и процените, електрични, еколошки автобуси“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Владата прави чекор напред во обезбедувањето чист воздух и пристојна животна средина за граѓаните.

„Она што е важно е што нема да има загадување, нешто што им е очајно потребно на граѓаните, особено за време на грејната сезона. Ние цениме како Влада, правиме чекор напред во таа насока. Рековме дека обезбедувањето пристојна средина за живеење на нашите сограѓани, во која составен дел е и чистиот воздух, за нас претставува императив. Но, тоа е процес што побарува многу време. Но, доколку седиме и гледаме дека времето си минува, ние ништо не правиме, не сме активни, туку сме реактивни, тогаш нема да дојдеме до решение. Затоа, ние сакаме да бидеме поактивни, да нудиме политики, да креираме политики и да дојдеме до нашата цел, а тоа е пристојна, убава животна средина за нашите сограѓани“, нагласи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Народната банка: Сѐ поголема употреба на дигиталните канали за плаќање во земјата

Објавено пред

Дигитализацијата носи значајни промени во начинот на кој граѓаните ги извршуваат своите плаќања. Во последните години, употребата на дигиталните канали за плаќање во земјава се зголемува, а овој тренд се задржува и во 2024 година, што се потврдува и со најновите податоци за платежната статистика коишто ги прибира, ги обработува и ги објавува Народната банка.

dobivaj vesti na viber

Во текот на 2024 година, граѓаните повеќе ги користеле кредитните трансфери (т.н. платни налози) за извршување на плаќања во земјава во споредба со претходната година, забележувајќи годишен раст од 11,2% кај бројот и 16,3% кај вредноста, соопшти Народната банка.

„Притоа, менувањето на навиките на граѓаните, т.е. сѐ почестото користење на дигиталните канали за извршување на плаќањата се согледува преку високиот годишен раст од 40,2% кај бројот и 47,0% кај вредноста на плаќањата иницирани по електронски пат, во услови на значително понизок раст на плаќањата на хартија на шалтерите на банките (0,2% и 10,0%, соодветно). Кај електронските плаќања, на граѓаните им е сѐ поважна едноставноста и брзината на плаќањата, поради што користењето на мобилните апликации бележи годишен раст од 47,3% кај бројот, односно 72,1% кај вредноста на остварените трансакции“, се наведува во соопштението.

Исто така, велат од Народната банка, граѓаните сѐ почесто ги користат платежните картички за извршување на секојдневните плаќања во трговијата.

Така, плаќањата со платежни картички за купување производи и услуги во земјава во 2024 година забележаа годишен раст од 14,6% кај бројот и 15,4% кај вредноста.

Според Нродната банка, растот на плаќањата со платежни картички е поддржан од широката распространетост на картичките во земјава коишто на крајот на 2024 година броеле 1,9 милиони.

„Притоа, 98,6% од платежните картички овозможуваат бесконтактни плаќања, што обезбедува удобност за граѓаните во извршувањето на плаќањата. Бројот на уредите за прифаќање плаќања со платежни картички на физичките места на продажба забележа годишен раст од 8,3% и достигна 34.778 уреди поставени кај 14.717 трговци. Притоа, 96,4% од овие уреди ја поддржуваат бесконтактната технологија што овозможува брзо и едноставно извршување на плаќањата во трговијата. Годишен раст од 4,4% е забележан и кај бројот на трговците коишто прифаќаат платежни картички при продажбата на стоки и услуги на физичките места на продажба во земјата“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

Почна со работа фабриката „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип

Објавено пред

Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“ во ТИРЗ Штип. Инвестицијата е вредна околу 40 милиони евра, а ќе бидат вработени 600 лица, објави премиерот, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Оваа инвестиција не е само капитален проект, туку вистинска приказна за доверба, партнерство и заедничка визија. Се простира на 18.000 метри квадратни, за што ќе бидат инвестирани околу 40 милиони евра и од презентацијата на претходните говорници можеме да заклучиме дека ќе бидат вработени во самиот пик на инвестицијата повеќе од 600тина лица. Благодарение на оваа фабрика, се отвораат нови работни места, се зголемува индустриското производство и се зајакнува економијата. Нашата земја ја покажува својата подготвеност да биде дом на успешни и конкурентни компании, кои не само што произведуваат, туку и создаваат вредности што ќе се чувствуваат низ генерациите“, рече Мицкоски.

Тој рече дека македонската влада имала два успешни економски квартали, третиот и четвртиот квартал од минатата година.

„За прв пат после подолго време во третиот квартал забележавме раст на бруто домашниот производ од 3%, а во четвртиот квартал дури отидовме и чекор повеќе 3,2% со што се вбројуваме во тие квартали во сме пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам тој тренд да продолжи и во овој прв квартал од оваа година. Од она што можеме да заклучиме, расте просечната плата, имаме и зголемување на пензиите. Правиме се од една руинирана состојба како што ја затекнавме да направиме економија којашто ќе биде конкурентна со европските и светските економии“, рече премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Мицкоски за средба со Филипче: Стојам на располагање во секое време, јас сум сериозен човек

Подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, Венко Филипче, но непристојно е за ова да се разговара...

Македонија54 минути

Со едноминутен молк за жртвите во Кочани, ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), придружувани од работниците, точно во 12.05 часот...

Македонија1 час

(Видео) „Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата“: Филипче предлага концепт за нов општествен и политички дијалог

После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт на место и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи...

Македонија1 час

Секој има право да протестира, но барањата за минимална плата синдикатите треба да ги кажат на седница на ЕСС, а не на улица, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја потпишал минималната плата без согласност од Економско-социјалниот совет (ЕСС), што е законска...

Топ2 часа

Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф....

Македонија4 часа

Водостоите на сите реки во земјата се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи и во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Македонија6 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија7 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски, освен со фотографирање, со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија7 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир нормализиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија7 часа

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија7 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност за населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија16 часа

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија18 часа

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија20 часа

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија20 часа

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија21 час

Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании. Амбулантното возило е донација на „Аутомотив...

Македонија21 час

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија22 часа

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...

Македонија23 часа

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани...

Македонија24 часа

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземјето

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал, а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се...