Свет
Израел и Хамас се договорија да го вратат мирот во Појасот Газа

Израел и екстремистичката група Хамас се договорија за мир и прекин на огнот во Појасот Газа, соопшти портпаролот на Хамас.
„Со напорите на Египет и Обединетите Нации постигнат е договор да се вратиме во добата на мирот помеѓу Ирзаел и палестинските фракции“, истакна портпаролот.
Откако израелски војник почина од рана здобиена од напад со Палестинците на граничкиот премин Газа и Израел, израелската војска покрена напади против мети на екстремитичката група Хамас во Газа.
Израел вчера изврши воздушни напади и испрати тенкови на цели на екстремистите во Газа, а за време на нападите беа убиени четворица палестинци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кремљ: Конфликтот меѓу Израел и Иран е на пат на галопирачка ескалација

Кремљ денеска предупреди дека конфликтот меѓу Израел и Иран е на пат на галопирачка ескалација, повикувајќи ги сите страни на воздржаност.
Портпаролот на Кремљ рече дека Русија во моментов не ја гледа подготвеноста на Израел за посредување или мирно решавање на конфликтот.
Русија, исто така, им нуди на своите граѓани можност за евакуација од Иран преку Азербејџан поради зголемените тензии.
Свет
Израел му се закани на Хамнеи: Ќе завршиш како Садам Хусеин

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, упати предупредување до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, претходно денеска сугерирајќи дека тој може да доживее судбина слична на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, јавува „Иран интернешнл“.
„Го предупредувам иранскиот диктатор да не продолжува да врши воени злосторства и да лансира ракети врз израелските граѓани. Треба да се сети што се случи со диктаторот во земја сосед на Иран, кој тргна по тој пат против државата Израел“, рече Кац.
Свет
Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало мајка си

На социјалните мрежи се шири вознемирувачка снимка од моментот кога двегодишно момче случајно ја застрелало мајка си откога го зело пиштолот на татка си, јавуваат бразилските медиуми.
На снимката од надзорните камери во семејниот дом во бразилската држава Мато Гросо до Сул се гледа како момчето зема пиштол од масата и го влече чкрапалото додека мајка му се врти кон него.
Родителите седеле и разговарале и не забележале дека момчето посегнува по оружјето. На видеото се гледа како куршумот ја погодил жената во градите и во раката. Потоа таа станала, но набргу паднала на подот. Момчето истрчало кон мајка си, а таткото го зел оружјето од подот.
Жената беше идентификувана како 27-годишната Дебора Родригес Монтеиро, а нејзината фотографија беше објавена во бразилските медиуми. Полицијата отвори итна истрага и потврди дека таткото на момчето, инаку земјоделец со дозвола за поседување оружје, ќе одговара за убиство од небрежност.
Според локалните медиуми, детето, најверојатно, ќе биде вклучено во програма за психолошко советување. Засега не се знае дали ќе остане со својот татко или ќе биде предаден на социјалните служби.
Началникот на локалната полиција, Даниеле Фелисмино, потврди дека жената била пренесена во болница, каде што била констатирана смрт. Полицијата ги запленила пиштолот и муницијата, а обдукцијата била извршена во саботата наутро, ден по трагедијата. Резултатите сè уште не се објавени. Згрозените жители на градот и општината Рио Верде де Мато Гросо на социјалните мрежи му изразија сочувство на семејството.