Македонија
Денеска сонце, од понеделник нестабилно време и пороен дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи.
Утре ќе се задржи сончево и уште потопло време, а во западните делови ќе дува засилен западен ветер. Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Ова е веќе четврти квартал со раст на БДП со повеќе од 3 oтсто

„Денес Државниот завод за статистика, објави податок дека бруто-домашниот производ во Македонија во вториот квартал е пораснат за 3,4% и тоа значи дека во моментот се објавени, од рамките на Еуростат, тоа е и европската статистика, податоци за растот на бруто-домашниот производ во вториот квартал за 28 европски земји“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Македонија го дели третото место заедно со Хрватска. Пред нас се Ирска и Кипар. Сите останати земји во регионот поширок и потесен се позади Македонија.
Премиерот информираше дека ова е веќе четврти квартал кога државата има раст на бруто-домашниот производ, повеќе од три проценти.
„Ова е веќе четврти квартал кога имаме раст на бруто-домашниот производ од повеќе од три проценти, заедно со оваа Влада. Првиот квартал беше третиот од минатата година, кога имавме 3%, па четвртиот 3,2%, па првиот од оваа година 3,2%, и сега е 3,4%. Очекувам до крајот на годината да имаме и квартал кога ќе ја пробиеме границата од над 4%, со што уште еднаш ќе ги демантираме конструкциите и лагите на опозициските партии дека на економијата не и одело добро, рече Мицкоски и додаде:
„Ова се бројки, со бројките нема политикантство, со бројките нема играње. Тоа се факти. Кога ќе ги споредите фактите, сфаќате дека тие се немилосрдни – и фактите се на страна на работата, чесната работа на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираше Мицкоски.
Македонија
Мицкоски: Зошто СДСМ се уплаши, па почна да измислува тези како наводно материјалите се нашле кај жртвите кои биле прислушкувани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на наводите на СДСМ дека материјалите од прислушкувањето се нашле кај жртвите и како институциите ги знаат деталите, изјави:
„Па видете, традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата, да биде ВМРО-ДПМНЕ следен. Тоа што јас можам да го кажам, веќе го кажав во мојата изјава кога добивме информација за тоа што се случувало во периодот кога бев претседател на најголемата опозициска и најголемата политичка партија, во суштина ВМРО-ДПМНЕ. По природа на нештата, сега логично како претседател на Влада, да добиваме такви извештаи, не е тоа нешто чудно, не е тоа нешто страшно. Очекувам Обвинителството и Судството до крај да го истераат овој случај. Гледам во опозицијата се вознемирени, во СДСМ се вознемирени. И треба да бидат вознемирени затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите. Порано на Управата за безбедност и контраразузнавање, сега Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, така што ценам дека треба еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребата на ресурсите за да влегуваме во туѓите човечки животи. Бедни се тие луѓе коишто наместо со себе, се занимаваат со другите луѓе.“
Македонија
Мицкоски очекува убедлива победа на локалните избори: кандидатите се со план, програма и визија

Премиерот Христијан Мицкоски, на настан од општина Брвеница, прашан за изборот на 16 нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на синоќешниот ИК, и кој е најголемиот адут на партијата на овие избори, истакна дека очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
,,Тоа се луѓе коишто очекувам да бидат победници на следните локални избори. Мотивирани се, дисциплинирани, со план, со програма, со визија и убеден сум дека ќе додадат вредност во животите на луѓето во општините во коишто ќе бидат идни градоначалници. Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори“, рече Мицкоски.
Претседателот на владејачката партија дополни дека Владата ги зајакнува темелите, истите оние кои претходната влада се обиде да ги урниса.
,,За помалку од два месеца од денеска и јавноста тоа ќе го види и да продолжиме со реформскиот процес да ја градиме Македонија, да ја обновуваме Македонија, да ги зајакнуваме темелите коишто претходната влада на СДС и ДУИ се обиде да ги урниса“, кажа Мицкоски.