Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ побара од Анѓушев и Деспотовски да поднесат оставки

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска ја обвини Владата за нелегални тендери и побара оставки од вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на фондот за иновации, Јован Деспотовски.

dobivaj vesti na viber

„Пред една недела, вицепремиерот Кочо Анѓушев излезе на говорница и рече дека му било “чест и задоволство и голема радост” што фондот за иновации делел 10,5 милиони евра. Па како нема да му биде кога на фирма во која што како сопственик тој фигурира негова компанија се доделуваат 160 000 евра“, рече Арсовски.

Тој го цитираше Законот за спречување на судир за јавни интереси, каде пишува дека судир на интереси подразбира судир на јавните овластувања и должности со приватниот интерес на службеното лице, во кој службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз вршењето на неговите јавни овластувања и должности. Додека пак, во Кривичниот Законик на Република Македонија јасно и прецизно, како што посочи Арсовски, е предвидена казна затвор за сите оние кои го прекршуваат Законот за судир на интереси.

„Значи на Кочо Анѓушев му се заканува казна затвор од најмалку 3 години. Кочо Анѓушев, заедно со Јован Деспотовски директорот на фондот за иновации и Зоран Заев кој е премиер на Репубика Македонија, беше потпишан на грантовите, односно чековите кои што ги добиваа избраниците.

 Оттука, јавно го повикуваме Јавното обвинителство на Република Македонија, да не спие, конечно да се разбуди и да почне да го гони криминалот. Органите за прогон веднаш да поведат постапка против Анѓушев и Деспотовски.

Истрага мора да има за ваквиот однос кон народните пари кои што се трошат и се грабат на секој начин.
 За да нема притисоци врз истражните органи Анѓушев и Деспотовски треба веднаш, уште во моментот да си поднесат оставки“, рече Арсовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

(Видео) „И јас сум Сирма” ја запали Македонија: лектира, историска читанка и „Оче наш“ на секој Македонец“

Објавено пред

Најновата книга „И јас сум Сирма” на авторот Зоран Спасов Sоф ги сруши сите стереотипи за промоција не една книга. Издавачот „Арс Ламина” направи своевидна револуција во промовирањето на овој исклучително контроверзен роман.

dobivaj vesti na viber

Горат социјалните мрежи, порталите, брендирани автобуси возат низ градот, дваесетметарски банер осамна спроти влада, на радиостаниците ги слушаме трите реклами со баритонот на Александар Микиќ…

Двоецот Арс Ламина – Sоф ја помести границата за промоција на едно дело од областа на културата. Дури и оние кои не читаат книги го посетуваат вебсајтот www.ijassumSirma.mk за да дознаат повеќе информации за овој роман.

Првиот дел од кампањата заврши со спектакуларната промоција во МКЦ, каде преку илјада книгољупци ја дочекаа Сирма да се појави на бината, придружена од нејзиниот Сирма rock’n’roll бенд кој со еден пинкфлојдовски и седумосмински аранжман ја изведе „Заветна”.

Книгата се продава во салоните на www.literatura.mk.  Исто како и пртходно, и овојпат, кога станува збор за Арс Ламина и Зоран Спасов-Sоф, средствата од продажбата ќе бидат наменети во хуманитарни и добротворни цели.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица, внимавајте што ви излегува од уста

Објавено пред

На недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки не им е местото во Собрание. Некултурно и девијантно однесување не смее да се толерира на ниедно место, а најмалку во законодавниот дом. Собранието е место каде што демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените, изјави Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

-Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка. Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња, внимавајте што ви излегува од уста! Тоа најмногу говори за вас. Срамота – рече Пешевска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче за денот на албанската азбука: Да градиме мостови на разбирање и соработка

Објавено пред

„Со одбележување на Денот на албанската азбука ја потврдуваме нашата заедничка определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноликост, што претставува непроценливо богатство на Северна Македонија,“ рече пртетседателот Филипче во честитката по повод Денот на албанската азбука.

dobivaj vesti na viber

Тој потсети на историското значење на овој ден потсетувајќи дека на денешен ден 1908 година во Битола завршил Конгресот на кој се создадала стандардизираната албанска азбука, што се смета за еден од најзначајните моменти во историјата на албанскиот народ и нашата заедничка историја.

„Јазикот не е само средство за комуникација, туку и основен столб на идентитетот, културата и правата на секој народ. Почитувањето на различностите, вклучително и јазичните, се клучен услов за изградба на стабилно, напредно и демократско општество. Да градиме мостови на разбирање и соработка, каде што секој јазик и култура ќе имаат свое место и ќе придонесат за заедничкиот просперитет,“ рече Филипче.

На крај, тој упати честитки до сите:

„Нека е честит Денот на албанската азбука! Gëzuar Ditën e Alfabetit të Gjuhës Shqipe!“ заклучи Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 минути

Скопјанка на 69-годишна возраст е жената која загина по удар на автомобил во Чаир

Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР. Несреќата...

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија. Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е...

Македонија3 часа

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор...

Македонија3 часа

СДС со примитивни методи во Собранието го активира насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е...

Свет4 часа

Унгарија го поддржа Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е апсурдна

Министерот за надворешни работи на Унгарија ги критикуваше налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху...

Европа4 часа

Украинскиот парламент ја одложи седницата, на пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев

Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, јави јавната телевизија Суспилнe, повикувајќи се...

Свет6 часа

Ким Џонг-ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и ескалација на тензиите, велејќи дека Корејскиот Полуостров никогаш не се...

Топ15 часа

Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир

Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина...

Скопје15 часа

Студентите на протест поради јавниот превоз, бараат и набавка на нови автобуси и велосипедска инфраструктура

Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за утре, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од...

Топ16 часа

Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил

Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки. Според информациите од СВР Скопје...

Скопје19 часа

Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата за ЈСП

Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше...

Македонија21 час

(Видео) Избегната тепачка во Собранието, Гаши го повика обезбедувањето

Во македонскиот парламент денеска избегната тепачка меѓу некои од пратениците. Инцидентот се случи меѓу лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и...

Македонија23 часа

Црната листа на САД е многу динамична и отворена за додавање нови имиња, порача Агелер

Американската амбасадорка Анџела Агелер, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со црната листа на САД, рече дека таа е...

Скопје1 ден

(Видео) СДСМ со решенија за кризата во Скопје: закон за финансиска поддршка на Градот и на ЈСП, субвенциии за гориво, вели Јанчева

„Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се...

Македонија1 ден

ЈСП избрало неприфатлива понуда во набавката на „евродизелот“, утврдени неправилности во постапката, соопшти Бирото за јавни набавки

Постапката за јавна набавка на „евродизелот“ објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото...

Скопје1 ден

Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да...

Скопје1 ден

Колапс на јавниот превоз, скопјани се солидаризираат: „Застанете ако сте со автомобил, превезете некого“

Од синоќа, со оглед дека нема автобуси, на социјалните мрежи се споделуваат повици за оние што одат на работа со...

Регион1 ден

Ексминистер и двајца поранешни директори меѓу уапсените за уривањето на натстрешникот на Железничката станица во Нови Сад

Поради уривањето на натстрешникот на Железничката станица во Нови Сад, уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови...

Европа1 ден

(Видео) Русите ја нападнаа Украина со шест бомбардери „ту-95“ и „миг“, Днепар во пламен

Во денешниот руски ракетен напад е оштетена индустриска компанија во Днепар, а во градот избувнале пожари, изјави началникот на воената...

Европа1 ден

Ажурираната нуклеарна доктрина на Русија е лукав потег на Путин против Бајден и му оди во прилог на Доналд Трамп

Нуклеарните закани на Москва се прилично суптилна игра која директно не ѝ штети на Русија, туку му штети на актуелниот...