Македонија
Алијансата за Албанците бара оставка од Венко Филипче
Користејќи ја маглата околу проблемот со името на земјата и договорот со Грција, министерот за здравство Венко Филипче продолжува со истата песна објавувајќи тендери со правилата од минатото, овој пат во износ од не помалку од 35 милиони евра, велат од Алијансата за Албанците. Од партијата бараат оставка од Филипче.
„Овој скандалозен тендер кој произлегува од проектот за централизирање на биохемиски лаборатории на централно ниво е многу сомнителен бидејќи победничката компанија ќе има монопол на целиот бизнис на биохемиски апарати и реагенси за период од три години. За да биде сè уште по сомнително и скандалозно е фактот дека тендерот за кој станува збор е така составен за да победник биде една сомнителна компанија која постои не повеќе од четири месеци, а е раководена од страна на млади и неискусни луѓе во оваа област, но исто така и во областа на здравството во целина“, велат од Алијансата за Албанците.
Врз основа на бројните неправилности во овој тендер но и на другите скандали од почетокот на мандатот, велат од Алијансата за Албанците, бараме оставка од министерот за здравство како морален чин кон населението кое добива најлоши здравствени услуги во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

