Контакт

Регион

(Од минута на минута) Расте бројот на жртви во Атина – 74 загинати и 164 повредени

Објавено пред

Пожар, Атина, Грција

Според официјалните податоци на Пожарната служба, во пожарот во Атина загинале 74 лица, а 164 се повредени. Жртвите, меѓу кои има и деца, сè уште не се идентификувани.

dobivaj vesti na viber

Според тамошните медиуми, ваква огнена стихија не се памети изминативе десет години.

Шумските пожари избувнаа во западниот и источниот крај на Атина по високите температури, кои беа над 40 Целзиусови степени, и силниот ветер. Пожарникарите соопштија дека имало и над 150 повредени, некои од нив потешко и оти може бројот на жртвите да биде поголем. Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и се врати во земјата, при што побара помош од Европската Унија и војската.

17.15 ч Грчкиот Црвен крст отвори сметка за поддршка на жртвите

Грчкиот Црвен крст отвори банкарска сметка на која луѓето и фирмите може да донираат средства за помош на лицата погодени од пожарот

17 ч Одморалиштето Мати, ден по срмтоносните пожари

16 ч – Застрашувачки видеа од пожарите во Атина снимени од авион

Колку е голем размерот и силата на смртоносните пожари што ја зафатија Атина и околината покажуваат видеата направени од авион и од хеликоптер кои се објавени на социјалните мрежи.

15.10 ч – Итна солидарна помош на град Скопје за Атина

Градоначалникот Шилегов денеска телефонски разговараше со градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, и му изрази длабоко сочувство за загинатите граѓани во стихијниот пожар што ја зафати околината на Атина.

Градот Скопје ќе ѝ испрати милион денари помош на Атина за настраданите во пожарите. Ова е прва итна мерка на Градот Скопје и тој останува отворен за каква било помош доколку дополнително се побара.

15:29 Помош и од Меркел

Германската канцеларка, Ангела Меркел, понуди денеска помош за Грција во борбата против пожарите што избувнаа во близина на Атина, јавија германските медиуми.

Во телеграмата со сочувство упатено до грчкиот премиер, Алексис Ципрас, Меркел наведе дека Германија цврсто стои покрај грчките пријатели.

13.49 ч – Путин понуди помош 

Рускиот претседател, Владимир Путин, изрази сочувство до грчките власти во врска со смртоносните пожари во земјата и им понуди помош за санирање на последиците, соопшти Кремљ.

13.20 ч – Тридневна жалост во Грција

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, прогласи тридневна жалост во Грција.

13.00 ч – Грчки доктор тврди дека луѓето во Мати загинале за само еден час

„Сè се случило за само еден час, дури и помалку. Дувал силен ветер и луѓето не можеле да реагираат. Тие се обиделе да побегнат кон морето. Во текот на целата ноќ жителите се обидувале да се спасат, качувајќи се во чамци. Се плашам дека бројот на жртви може да биде двојно поголем. Сè уште се трага по исчезнатите“, вели лекарот.

 

12.30 ч – Војската ги зајакнува патролите

Грчкиот совет за одбрана испрати специјално обучени членови на вооружените сили и на Националната гарда во помош на патролите за цивилна заштита за спречување на пожарите, пишува грчкиот портал „Катимерини“.

Министерот за одбрана, Панос Каменос, свика седница на Советот, откако ја надлета и од воздух ја виде состојбата во областа зафатена од пожарите. Советот одлучил грчките и сојузните дронови и летала да ѝ помогнат на цивилната одбрана во собирање податоци за состојбата од различни делови на земјата коишто се под ризик од пожари или од намерно подметнување огнови. Мерките се воведуваат по шекулациите дека пожарите во источна Атика, како и неколку пожари во регионот на Коринт се подметнати.

12.15 Бројот на мртви над 60

Најмалку 60 лица загинаа во шумските пожари кои од вчера го зафатија регионот источно од Атина.

12.00 ч – Новинар стигна до местото каде што изгореа 26 луѓе

„Ова е најужасната сцена што некогаш сум ја видел“, сведочи грчкиот новинар Костас Коукумакас, кој е на  местото на настанот во одморалиштето Мати, каде што во вила на 25 километри североисточно од главниот град беа пронајдени 26 запалени тела.

11.10 ч – Јункер вети помош 

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, разговараше со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, и му ветил дека ЕК ќе ѝ помогне на Грција на секој можен начин. Јункер изрази и сочувство поради жртвите во пожарите во Грција.

11.04 ч – Снимка од авион

 

11 ч – Тешки времиња за Атика и Грција

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, кој ја прекина посетата на Босна и Херцеговина поради големите пожари во околината на Атина, изјави дека ова е тешко време за Атика и за Грција. Според последните податоци, во пожарите настрадаа 54 лица, додека околу 150 се повредени.

10.45 чНема повредени македонски државјани

Министерството за надворешни работи досега нема добиено информаци за македонски државјани кои се обратиле за помош во дипломатско-конзуларните претставништва во Грција, како засегнати од пожарите што ја зафатија Атика. Тие додаваат дека во овој момент се комуницира и со институциите од регионот на Атина, но и со засегнатите служби.

10.26 – Шпанија испрати два авиона 

Шпанската влада соопшти дека испратила два авиона во Грција за гаснење на пожарите со цел да им помогнат на грчките пожарникари. Шпанското Министерство за земјоделство соопшти дека секој од авионите може да носи по 5,5 тони вода.

9.45 ч – Пристигнува помош од Европа

Авиони за гаснење на пожарите во Грција пристигнуваат од Италија, Германија, Франција и Полска.

9.27 ч – Пронајдени 26 изгорени тела

Во една вила во одморалиштето Мати, на 25 километри североисточно од главниот град, пронајдени се 26 запалени тела. Како што пренесува грчкиот Црвен крст, се претпоставува дека станува збор за членови на едно семејство, а повеќето од нив се пронајдени прегрнати.

9.09 ч – Прогласена вонредна состојба

Грките власти прогласија вонредна состојба во околината на Атина поради силните пожари што синоќа ја зафатија земјата.

 

9.01 ч – Спасени туристи од Данска  

Спасителите пронашле група од десет туристи од Данска, кои минатата ноќ, бегајќи од огнот, со чамец отпловиле во непознат правец.

9 ч – Македонија ќе испрати два авиона за гаснење на пожарите во Грција

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, вели дека од синоќа се во постојан контакт со центрите во Грција, каде што околината на Атина ја има зафатено огнена стихија каква што не се памети изминативе десет години.

8.52 ч – Повеќе од 300 пожарникари се борат со огнената стихија

Досега се спасени 80-ина луѓе, а во акциите за гаснење на пожарите се ангажирани над 300 пожарникари, со повеќе од 60 возила. Пожарникарите се борат да ја заштитат зоната околу летувалиште што се наоѓа североисточно од Атина.

 

 8.45 ч – Избувнале 15 пожари 

Според зборовите на портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, 15 пожари избиле во исто време на три локации околу Атина.

8.20 ч – Грција бара помош од ЕУ

Поради пожарите, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја прекина посетата на Босна и Херцеговина. „Ќе сториме сè што е во наша моќ за да го контролираме пожарот“, изјави Ципрас.

Грција побара помош од ЕУ, а Шпанија и Кипар сами ѝ понудија помош за справување со пожарите во кои изгореа над 100 куќи и повеќе од 200 возила.

8.07 ч – Пронајдени двајца од исчезнатите туристи

Грките медиуми јавија дека десет лица, најверојатно, туристи од Данска, исчезнале кога бегајќи од огнот, влегле во чамец и се упатиле во непознат правец. Грчката крајбрежна стража почна акција за нивно пронаоѓање и спасување, при што двајца се пронајдени, а по другите се трага.

7.55 ч – Населбата Мати веќе не постои 

„Мати повеќе не постои како населба. Видов тела, изгорени автомобили. Се чувствувам среќна што сум жива“, сведочат жителите на Грција за огнената стихија што ја зафати околината на грчкиот главен град Атина.

7.40 ч – Меѓу жртвите има и бебе

Извлечени се уште четири тела од водата, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, кое, најверојатно, се задушило од чадот. Бројот на жртвите порасна на 24.

7.35 ч – Пожарот ги зафати регионите источно и западно од Атина

Пожари беснеат источно и западно од Атина поради што жителите мораа да ги напуштат своите домови.

Исто така, владата го затвори за сообраќај еден од главните автопатишта на релација Атина-Коринт, а ги запре и возовите што сообраќаат на тој дел од Атина. Еден од локалните градоначалници, Евангелос Бурнус, за „Катимерини“ сведочел дека видел како биле запалени повеќе од 100 дома и 100 автомобили.

Регион

Маж фрли молотов коктел врз Куќата на цвеќето, го фати обезбедувањето

Објавено пред

Белградската полиција го уапси 55-гпдишниот Г.М. под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, објави српски Телеграф. По наредба на обвинителството, му е одреден притвор до 48 часа.

dobivaj vesti na viber

Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот „25 Мај“, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.

Човекот е уапсен по интервенцијата на полицијата. Нема повредени.

Пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето. Според Телеграф, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека еден човек дошол пред Музејот, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.

„Се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Телеграф.

Неофицијално, се дознава дека човекот при апсењето рекол дека сакал да го запали „усташкото гнездо“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Објавено пред

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.

dobivaj vesti na viber

Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.

Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот во неделата, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.

Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.

Пловилото било извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, заради безбедност на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Турист почина кај Неа Врасна, бил извлечен од морето

Објавено пред

61-годишен државјанин на Србија трагично почина во морската област Неа Врасна во близина на Солун.

dobivaj vesti na viber

Мажот бил извлечен во бесознание од морето денес напладне. Според соопштението на крајбрежната стража, тимот за итни случаи на ЕКАБ веднаш му укажал прва помош, но без успех, по што телото било префрлено во Здравствениот центар Неа Мадита.

Прелиминарната истрага ја води Вториот оддел на пристаништето Ставрос на пристанишната управа на Јерисос, кој нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта, пренесува „Прототема“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет1 час

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија1 час

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија2 часа

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија2 часа

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет3 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет5 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија5 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија6 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет8 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет8 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет8 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет8 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет18 часа

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија20 часа

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет21 час

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...

Топ22 часа

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56...

Топ1 ден

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет1 ден

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...