Македонија
Положено цвеќе пред споменикот на Ченто

Во паркот во населбата Ченто по повод одбележувањето на 61-годишнината од смртта на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, беше положено свежо цвеќе пред споменикот изграден во негова чест.
Присутни на настанот, кои положија цвеќе, беа делегација од Општина Гази Баба, предводена од градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, членови на Советот на Општина Гази Баба, претставници од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Здружението на пензионерите и од Здружението на граѓаните херои на Македонија 2001.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Владата да не ги игнорира нашите добри здравствени политики“, побара СДСМ

По повод Светскиот ден на здравјето, Форумот на жени на СДСМ организираше панел дискусија на тема „Здрави почетоци, силно општество“, посветена на актуелната состојба на здравствениот систем и значењето на здравите почетоци за секоја држава. Специјалистите и експертите на панелот, меѓу кои и проф. д-р Маја Мојсова Миовска, проф. д-р Ана Данева Маркова и проф. д-р Маја Манолева, споделија свои искуства како и постигнувањата во здравствениот сектор за време на владеењето на СДСМ.
Проф. д-р Ана Данева Маркова посочи дека со доаѓањето на власт на СДСМ во 2017 година, здравствениот систем беше во критична состојба, со катастрофални показатели за перинаталната и неонаталната смртност. Преку вложување во мајките и новороденчињата, и преку донесување на стратегија за подобрување на здравствената грижа, постигнати се значајни резултати. Перинаталната смртност е намалена трипати, а неонаталната смртност од 9 на 0,9 за 2023 година.
Проф. д-р Маја Манолева истакна дека добрите здравствени политики на СДСМ не се само инвестирање во здравјето, туку и во иднината на општеството. „Здравиот почеток не е привилегија, туку право на секој новороденчен, а здравото општество започнува со грижа за најмладите,“ додаде Манолева.
„Денес многу од овие политики и напори не се продолжени или дури запоставени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И покрај значајните резултати кои ги постигневме за унапредување на здравствената грижа, скоро година дена здраствениот систем е во застој. Владата не покажува истата посветеност и континуитет во имплементацијата на клучните политики кои придонесоа за намалување на смртноста и подобрување на условите за здравје на мајките и новороденчињата, но и за основни потреби на лицата со инсулинска терапија кои последнава година се соочуваат со недостаток на инсулин“.
Д-р Маја Мојсова Миовска истакна дека трансплантацијата е врниот дел од медицината коишто укажува дека здравствениот систем има достигнато ниво за да се видат ефектите од трансплантациската медицина, која за жал уште е само како програма во Министерството за здравство, иако пред 5 години стигнавме до некое ниво кога беше првото срце трансплантирано во Македонија, со кое се подигна и свеста кај граѓаните.
„Стигнавме до одредено ниво и за жал не успеавме да го довршиме тоа. Не гледам дека нешто се поместува во моментот, не треба да се напуштат претходните добри политики на СДСМ и веќе обучените кадри и тимови, нивното знаење треба да се искористи и системот кој веќе го воспостави СДСМ треба да продолжи“, додаде д-р Мојсова Миовска.
„СДСМ ќе продолжи да предлага конкретни мерки за развој и унапредување на здравствениот систем, систем кој инвестира во здравјето на луѓето и кој има за цел да обезбеди здраво и силно општество. Граѓаните заслужуваат нормални и достоинствени услови за здравствена грижа, а тоа не може да се постигне без конкретни политички решенија и отсутност на визија“, велат од партијата.
Македонија
Без струја делови од Карпош и скопски Аеродром

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (Вторник), без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул.. Горно Лисиче во делот од биолеб до половни Автоделови VOLKSWAGEN АЛЕК. (Општина Аеродром);
· Од 09:30 до 12:30 часот, дел од корисниците од бр.135 до бр.170 на ул.Козле.(Општина Карпош).
Македонија
Прекинато водоснабдување во делови од Центар и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска (Вторник) поради промена на затварач ф 2“ на ул Црвена Скопска Општина бб од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти. (Општина Центар);
· Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул Дренак бр 2а. без вода ќе останат корисниците на дел од ул Дренак и дел од Јужен Булевар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата (Општина Кисела Вода);
· Поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул Славејко Арсов бр 15. без вода ќе останат корисниците на дел од ул Славејко Арсов бр 15. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата. (Општина Центар);
· Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул Максим Горки бр 14. без вода ќе останат корисниците на дел од ул Максим Горки. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата. (општина Центар).