Црна хроника
Украдени лаптоп, мобилен телефон и пари од стан во Скопје
Дваесетгодишниот В.Д. од Скопје пријавил дека синоќа околу 2:30 часот во неговиот стан влегле три лица со фантомки.
„До моментот на пријавата лицата насилно го држеле во станот, a при излегување од станот едно од лицата со остар предмет му нанелo убодна рана. Оштетениот во пријавата посочил дека му биле одземени лаптоп, мобилниот телефон и пари, по што лицата го напуштиле местото на настанот, а оштетениот бил пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Судир меѓу две возила на „Цветан Димов“, скопјанец е тешко повреден
Скопјанец е тешко повреден во судрир меѓу две возила во Скопје.
– На 30.04.2024 во 12.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од Ј.Р.(51) од Скопје и патничко возило „фолксваген“, управувано од Б.Р.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од полицијата.
Црна хроника
Удрена пензионерка во Скопје, со тешки повреди е пренесена во болница
Вчера во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(32) од Скопје удрило во пешакот Љ.В.(73) од Скопје.
Во несреќата Љ.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Претрес во Стојаково, пронајдена дрога, приведено едно лице
Вчера во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.