Македонија
Жерновски во Белата куќа, Конгресот и во Атланскиот совет на САД
Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, вчера на првиот ден од работната посета на Вашингтон оствари средби во Белата куќа, во Конгресот и во Атлансткиот совет на САД. Во Стејт департментот присуствуваше на прием за шефовите на делегации во чест на отворањето на Министерската конференција за унапредување на верски слободи, чиј домаќин е државниот секретар на САД, Мајкл Помпео.
На средбите Жерновски ги запозна соговорниците со најновите случувања во Македонија на внатрешен и на надворешно-политички план и информираше за клучните активности на Владата во изминатата година, кои резултираа со одблокирање на патот за европското и евро-атлантското интегрирање на земјата.
Жерновски имаше одделни средби со членовите на Групата за пријателство со Република Македонија во Конгресот на САД, конгресмените Пол Мичел и Дејв Трот, републиканци од Мичиген и Брендон Бојл, демократ од Пенсилванија. Заменик-министерот се заблагодари за личната и силна поддршка на конгресмените и повика на натамошно засилување на сојузништвото во интерес на двете земји, на НАТО и на регионот. Жерновски побара натамошна активна поддршка од Конгресот во претстојниот период, во насока на брзо финализирање на процесот на зачленување на Македонија во НАТО.
Конгресмените ја поздравија спогодбата меѓу Македонија и Грција, како и Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, оценувајќи ги како одлучни и храбри потези кои се значајни не само за земјата туку и за целиот регион и претставуваат инспирација и модел за градење на добрососедските односи. Упатија силна поддршка за имплементација на спогодбата со Грција, како предуслов за што поскоро зачленување на земјава во НАТО и ЕУ. Конгресмените ја нагласија важноста на претстојниот референдум, истакнувајќи дека очекуваат активно учество на граѓаните на Македонија. Притоа, навестија натамошен ангажман во правец на обезбедување силна поддршка на Конгресот на САД за приоритетите на Македонија.
На средбата во Белата куќа со ззаменик-советникот за национална безбедност на претседателот на САД, Мира Рикардел, беше реафирмирана силната и недвосмислена поддршка на американската администрација на постигнатиот договор за решавање на спорот за името. Рикардел нагласи дека САД високо го ценат овој историски успех за кој се потребни храбро лидерство и одлучност, при што изрази очекување за позитивен резултат во процесот на имплементација кај двете страни, што ќе овозможи заокружување на членството на РМ во НАТО и ЕУ.
Во Атлантскиот совет, Жерновски оствари средба со потпретседателот на Атлантскиот совет, Дејмон Вилсон, и со експерти од Советот. Соговорниците разменија мислења за актуелностите во Република Македонија и регионот, предностите и предизвиците на патот кон евро-атлантското интегрирање. Членовите на Атлантскиот совет изразија силна поддршка за постигнатиот договор за решавање на спорот околу името, заокружување на процесот со претстојниот референдум и изразија надеж за негово брзо и ефикасно спроведување. Потенцираа дека е исклучително важно сите општествени чинители, власта и опозицијата, граѓанската и академската јавност, заеднички да ја препознаат значајноста на моментот и заедно да го понесат товарот на овој генерациски предизвик.
Работната посета на Жерновски продолжува со средби во Стејт департментот и во УСАИД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

