Македонија
Промоција на Младинска повелба за мир за надминување на меѓуетничките конфликти
Во Општина Куманово во 11 часот ќе се одржи промоција на Младинска повелба за мир (Peace Charter), документ кој обезбедува препораки за надминување на меѓуетничките конфликти и зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците. Повелбата за мир ги содржи ставовите и барањата на стотина младинци од различна етничка припадност од општините Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Липково и Кратово, кои преку низа настани имаа можност меѓусебно да се запознаат, да проговорат за своите проблеми, да предложат и побараат решенија за надминување на истите, како и да преземат заеднички акции во насока на подобрување на интеракцијата и соработката помеѓу младите.
Истовремено, младите ги совладаа основните вештини за трансформација и решавање конфликти, јавно застапување и младински активизам. Преку изработката на Повелба за мир овие млади сакаат да им го свртат вниманието на локалните и национални власти, на државните институции, на родителите, на своите врсници и на јавноста, воопшто – кон предизвиците и проблемите со кои се соочуваат, растејќи, живеејќи и образувајќи се во мултетничките заедници. Повелбата за мир ги содржи нивните ставови и барања кои се однесуваат на мултиетничката интеграција и социјализација, образованието, како и на борбата за еднаквост, а против дискриминацијата, стереотипите и насилството.
Повелбата за мир ќе биде промовирана во рамки на завршниот настан организиран за презентација на резултатите од реализација на проектот „Зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците преку Охридскиот рамковен договор (ОРД)” кој е финансиран од страна на ЕУ, претставена преку Делегацијата на ЕУ во Скопје, а е ко-финансиран од страна на шведската Агенција за меѓународен развој и соработка, Сида. Воедно проектот се спроведува од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жени „Кумановка” со времетраење од 27 месеци опфаќајќи ги општините Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Липково и Кратово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради бизнис интересите на СДСМ граѓаните плаќаат поскапа струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Нема област во која во владеење на СДС и ДУИ не преовладувал нивниот бизнис интерес, на место интересот на државата и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека како и се што уништија во државата, СДС и ДУИ за свои лукративни интереси го девалвираа и уништија и енергетскиот сектор.
„Поради нивите бизнис интереси со цел големи профити, направија граѓаните да плаќаат поскапа електрична енергија. Поскапата струја која што ја плаќаат граѓаните, како и финансиските проблеми на некогаш најпрофитабилното македонско претпријатие, ЕСМ е последица на седум годишното криминалното и недомаќинско работење на кадрите на СДС и ДУИ. Дека тоа е така може да се споредат сумите во различни периоди. На пример, во 2017 година кога со ЕСМ раководеше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски просечната цена за еден мегават час електрична енергија беше 33 евра, а сега истата изнесува 133 евра за мегават-час. Освен ова, во периодот кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ, производната цена за електрична енергија се намалила за 25% во однос на претходната. Ова само покажува одговорно и домаќинско работење, што не е случај со изминатото седумгодишно раководство кое мислело на само на свои бизнис и лукративни интереси. И со секоја следна година од доаѓањето на власт на СДС и ДУИ, цената на произведената електрична енергија по мегават-час постојано растеше, за годинава да достигне рекордни 133 евра“, се вели во соопштението на партијата.
Оттаму додаваат дека една од причините за енормниот раст на цената на струјата е не ископот на јаглен и скапо увезениот.
„И тоа најверојатно се направило за да се им овозможи на одредени компании блиски до СДС и ДУИ, да увезуваат јаглен и со тоа да остварат големи профити. Бизнис интересот и лакомоста за големи профити на СДС и ДУИ ги плаќаме сите ние, преку поскапа цена на струјата. Можеби ќе треба време за да се намали цената на струјата, но преку посветено, одговорно и домаќинско работење на новото раководство на ЕСМ тоа ќе се постигне. Набрзо од денес енергетскиот систем во Македонија ќе биде целосно консолидиран и вратен во нормална состојба, што ќе доведе и до пониски цени на електричната енергија.
Македонија
Денес студено утро, преку ден сончево со мала облачност
Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.
И во Скопје студено време во утринските часови, а преку денот сончево со мала облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Македонија
СДСМ избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Со тоа ќе стане извесно кој се’ ќе ги носи клучните одлуки во опозициската партија која в година повторно ќе треба да се соочи со гласачите на локалните избори
Социјалдемократите известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.