Контакт

Свет

Проработи вулканот во Вануату, населението се евакуира

Објавено пред

Во пацифичката држава Вануату повторно е извршена евакуација на жителите на еден остров поради вулканска активност.

dobivaj vesti na viber

Вулканот Манаро Вуи почна да исфрла пепел во претходните денови од почетокот на новата ерупција на островот Амба.

Ерупција се случи и во септември минатата година кога островот беше целосно евакуиран.

Властите велат дека новата вулканска активност повторно претставува опасност за животите на неколку илјади луѓе.

Министерот за надворешни работи, Ралф Регенван, изјави дека евакуацијата е задолжителна. Во тек е префрлувањето на населението на соседните острови.

Жителите велат дека лошо спиеле во изминатите денови поради силната бучава од вулканот и дека некои, особено децата, имале тешкотии со дишењето.

Поради овој вулкан, во 2005 година беа раселени околу 5.000 луѓе.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Волстрит журнал“: Трамп со слика од гола жена и порака му честитал роденден на Епштајн

Објавено пред

„Волстрит журнал“ денес објави дека името на Доналд Трамп се појавило на лична порака до Џефри Епштајн од 2003 година, на која американскиот претседател одговорил дека е лажна.

dobivaj vesti na viber

Весникот пишува дека писмото е едно од неколкуте во албум со кожен повез посветен на прославата на 50-тиот роденден на Епштајн, околу три години пред да се појават обвинувањата за сексуална злоупотреба против финансиерот.

Трамп брзо одговори на објавата на неговата платформа „Тру соушал“, велејќи дека ќе ги тужи весникот и Руперт Мардок, кој го контролира неговиот издавач, „Њуз корп“.

„Волстрит журнал и Руперт Мардок беа лично предупредени директно од претседателот Доналд Џ. Трамп дека наводното писмо е лажно и дека ако го објават, ќе бидат тужени“, напиша Трамп.

„Никогаш во животот не сум нацртал слика“, објави Трамп, а потоа додаде: „Тоа не е мој јазик. Тоа не се мои зборови“. Недолго потоа, корисниците на социјалните мрежи се сетија дека во 2005 година, Трамп нацртал цртеж од хоризонтот на Њујорк за хуманитарна аукција. Цртежот бил повторно продаден во 2017 година за 30.000 долари.

Портпаролот на „Волстрит журнал“ и нејзината матична компанија, одби да коментира за нивната приказна и заканата на Трамп за тужба.

Весникот објави дека писмото, на кое го пишувало името на Трамп, содржело неколку реда текст врамени со контура на гола жена, која изгледала како рачно нацртана со дебел маркер. Весникот објави дека писмото завршува со „Среќен роденден – и нека секој ден биде уште една прекрасна тајна“ и е потпишано со „Доналд“.

Потпретседателот Џ.Д. Венс одговори на сторијата на платформата „Икс“ велејќи: „Извинете за мојот јазик, но оваа сторија е целосна и апсолутна глупост. Волстрит журнал треба да се срами од себе што ја објави“. Други влијателни личности од американската десница, кои досега инсистираа на транспарентност во врска со случајот на Епштајн, застанаа во одбрана на претседателот. Сега тие изјавија дека не веруваат во сторијата.

Според информациите од „Волстрит журнал“, писмото со потпис на Трамп било дел од албум составен за 50-тиот роденден на Епштајн од Гислен Максвел, негова блиска соработничка, која подоцна била осудена за трговија со деца за сексуална злоупотреба поврзана со Епштајн. Максвел наводно ги собрала писмата.

Тој албум бил меѓу документите што години подоцна ги прегледало Министерството за правда на САД за време на истрагата за Епштајн, пишува весникот.

Трамп бил постојано фотографиран со Епштајн во текот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите, а неговото име се појавува во дневниците за летови на приватниот авион на Епштајн. Но, Трамп тврди дека го прекинале контактот пред Епштајн да се изјасни за виновен во 2008 година за подведување малолетници. Тој додаде дека не разговарале најмалку 15 години пред повторното апсење на Епштајн во 2019 година.

Вчера беше објавено дека администрацијата на американскиот претседател ќе побара од судот да дозволи објавување на транскриптите од големата порота во случајот на починатиот Епштајн. Соопштението доаѓа откако некои поддржувачи на Трамп реагираа жестоко на извештајот во кој се заклучува дека нема докази што би ги поткрепиле некои долгогодишни теории за случајот на Епштајн.

Министерството за правда и ФБИ минатата недела изјавија дека нема докази дека Епштајн, обвинет за подведување малолетни девојчиња, наводно на моќни и познати поединци, имал „листа на клиенти“ или уценувал моќни и влијателни личности.

Тие исто така го отфрлија тврдењето дека Епштајн бил убиен во затвор, потврдувајќи дека извршил самоубиство со бесење. Додадоа дека повеќе немаат намера да објавуваат информации за истрагата.

„Врз основа на смешниот обем на публицитет што му беше даден на Џефри Епштајн, ја замолив државната обвинителка Пам Бонди да ги обезбеди сите релевантни сведочења од големата порота, под услов судот да одобри. Оваа измама, извршена од демократите, треба веднаш да престане!“, напиша Трамп на својата платформа „Тру соушал“.

Кратко по изјавата на Трамп, Бонди изјави на „Икс“ дека Министерството за правда е подготвено денес да побара од судот да ги објави тие транскрипти. Бонди неколку месеци претходно најави објавување на големи откритија за Епштајн, вклучувајќи „многу имиња“ и „многу записи за летови“.

Прикажи повеќе...

Свет

Маск: Не можам да верувам дека Епштајн се самоубил пред да сфати дека сето тоа е измама

Објавено пред

Aмериканскиот мултимилијардер Илон Маск се осврна на случајот со починатиот милијардер, педофилот Џефри Епштајн во објава на социјалната мрежа „Икс“.

dobivaj vesti na viber

„Воау, не можам да верувам дека Епштајн се самоубил пред да сфати дека сето тоа е измама“, напиша Маск.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги налути своите поддржувачи кога соопшти дека нема да објави никакви дополнителни досиеја за Епштајн, богат финансиер и осуден сексуален престапник кој почина под сомнителни околности во затвор во 2019 година.

Маск објави пред неколку недели дека името на Трамп се појавило во тие досиеја. Минатата недела, ФБИ информира дека списокот на клиенти на Епштајн не постои, неколку месеци откако главниот обвинител на Трамп, Пам Бонди, тврдеше дека копија од списокот се наоѓа на нејзината маса.

Со години, Трамп ги уверуваше своите поддржувачи дека ќе го објави познатиот „список на клиенти“ на Епштајн, кој наводно вклучува познати личности и политичари од висок профил.

Дополнително, ФБИ и Министерството за правда го отфрлија тврдењето дека Епштајн бил убиен во затвор, инсистирајќи дека неговата смрт била самоубиство.

Трамп, кој се појавува во најмалку едно видео старо неколку децении на забавата на Епштајн, ги негираше тврдењата дека неговото име е во досиејата. Тој исто така изјави дека немал директен контакт со Епштајн, односно дека не бил пријател со него најмалку 18 години пред неговата смрт.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија: Нашите сили ја презедоа контролата врз три украински села во неколку региони

Објавено пред

Руските сили ја презедоа контролата врз три села во три различни делови од фронтовата линија во Украина, објави вчера руското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Официјалните украински извештаи за активностите по должината на фронтот долг 1.000 километри го оспорија делот од рускиот извештај, особено во врска со клучно село на југоисток.

Според извештајот на руското министерство, трите окупирани населби се Камјанско во југоисточниот регион Запорожје, Дехтјарне во североисточниот регион Харков и Попив Јар во регионот Донецк.

Руските сили полека напредуваат кон запад, главно низ регионот Донецк, а Москва речиси секој ден најавува освојување на нови села, пишува Ројтерс.

Портпаролот на украинската армија, Владислав Волошин, за liga.net изјави дека држењето на населбата Камјанско, југоисточно од главниот град на Запорошката област, е важно за да се заштити тој град од напади.

Сепак, селото беше речиси срамнето со земја за време на долгите периоди на борби, и како што рече Волошин, украинските сили излегоа од селото и успешно ги нападнаа руските сили секогаш кога мали групи повремено се осмелуваа да влезат во него.

Ројтерс, исто така, наведува дека украинската страна не го потврди руското заземање на селото Попив Јар, кое се наоѓа североисточно од Покровск, кое со месеци е во фокусот на руските напади во регионот Донецк.

Во среда, руската армија го објави заземањето на селото Новохацко, југозападно од Покровско. Друг украински воен портпарол, Виктор Трехубов, вчера потврди за јавната телевизија Суспилне дека селото е во руски раце.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

(Видео) Пожар го зафати покривот на црквата кај селото Мршевци, вели Ангелов

Денес попладне во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на...

Македонија14 часа

„Лажни тврдења и политички инсинуации“, вели Тошковски откако опозицијата оцени дека сака да ја партизира полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил ги демантираше тврдењата на опозицијата во врска со предложените измени...

Македонија15 часа

Едно починато лице при пожар во стан во Струмица

Денес, (17.07.2025 година), во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален...

Македонија15 часа

Гори помеѓу индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“: силниот ветер и искри од жици предизвикаа пожари на повеќе локации во Скопје и Куманово

Поради ветер кој го зафати подрaчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни...

Македонија16 часа

Напредок во преговорите за пругата која се гради еден и пол век: тунелот да биде заеднички проект со Бугарија, а да го плати ЕУ

Вчерашната средба во Брисел за пругата кон Бугарија која се гради повеќе од еден и пол век, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија16 часа

Уапсен еден од убијците на припадникот на АРМ во Батинци, обвинителството поведе истрага за двајца соизвршители

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично...

Македонија17 часа

Продолжен рокот за ангажирање на 400 пожарникари: „Има силен инетерес“

Владата соопшти дека рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари низ државата е продолжен до 23 јули...

Македонија18 часа

Горат шуми и ниска вегетација во Велес, Македонски Брод и Василево

Во моментот на територијата на државата активни се вкупно три пожари, информираше Надица Вчкова во име на Главниот штаб за...

Македонија19 часа

Партијата Левица поднесе предлог-закон за заштита на името ВМРО, Мицевски вели дека е нарачано од круговите што работат против идентитетот

Пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието...

Македонија19 часа

Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за август

Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски, познат како Штекли, и уште девет лица обвинети за организирана трговија со дрога...

Македонија20 часа

Уапсена докторка од Битола поради примање поткуп

Вчера, полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавно обвинителство Битола, ја лишија од слобода И. Д. (67) од...

Македонија20 часа

Народниот правобранител Зибери замина во пензија

Народниот правобранител Насер Зибери на 12 јули 2025 година ги исполни условите за старосна пензија, со што му престанува функцијата,...

Топ23 часа

Загина 16-годишно момче од Охрид: со мопед излетал од пат и удрил во метален столб

Денеска во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и...

Регион1 ден

Три лица извлечени од морето во разни делови на Грција: меѓу нив и српски државјанин

Три лица, меѓу кои и еден српски државјанин, беа извлечени во несвест од морето во различни делови на Грција, соопшти...

Свет1 ден

(Видео) Американците: Историска заплена на иранско оружје наменето за Хутите

Американската војска објави дека Националните сили на отпорот (NRF) на Јемен, предводени од генералот Тарек Салех, успешно пресретнале и заплениле...

Свет1 ден

(Видео) Земјотрес со јачина од 7,3 степени ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со магнитуда од 7,3 степени по Рихтеровата скала го погоди брегот на Алјаска. Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 ден

(Видео) Еруптираше вулкан во Исланд, евакуирана е позната туристичка дестинација

Впечатлива сцена од оган, чад и блескава лава беше снимена денес во југозападен Исланд, каде што еруптираше вулкан на полуостровот...

Свет1 ден

Американски сенатор до Путин: „Што по 50 дена? Нека му се јави на ајатолахот и нека го праша“

Американскиот сенатор Линдзи Греам го поддржа рокот од 50 дена што Доналд Трамп му го даде на Владимир Путин да...

Македонија2 дена

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран, извести АМСМ. Од 16 часот, на регионалниот пат Р-1101...