Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел за една година на народот му даде милиони причини зошто треба да биде сменет од власт
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека само изминатите недела дена постојат 45 милиони причини, од типот „едно евро за Вицето“, зошто оваа ненародна власт треба да си замине што побрзо. Од таму додаваат дека само во една недела се обидоа да украдат 45 милиони евра, покажувајќи зошто граѓаните веќе се откажаа од Зоран Заев и неговите антидржавни политики.
„Криминалниот картел за една година на народот му даде милиони и милиони причини зошто треба да биде сменет од власт и за тоа да одговара пред независно судство, но еве ги првите 30:
1.СДСМ треба да падне од власт поради ослободителната пресуда за Заев во случајот „Поткуп“ каде пред очиглед на јавноста бараше 200 илјади евра поткуп.
2.СДСМ треба да падне од власт поради амнестијата и срамната преквалификација на делото на градоначалникот шверцер од Ново Село, Боро Марлборо Стојчев, кој заедно со семејството беше фатен во шверц на 35 илјади кутии цигари.
3.СДСМ треба да падне од власт поради потпишувањето на штетниот и капитулантски договор со Грција со кој се менува идентитетот на државата и на нацијата.
4.СДСМ треба да падне од власт поради амнестија и ослободување од затвор на 850 осудени криминалци.
5. СДСМ треба да падне од власт поради прифаќањето и реализацијата на Тиранската платформа.
6.СДСМ треба да падне од власт поради економското цунами кое ѝ се случува на Република Македонија, која за една година се најде на дното со економски раст до 0%.
7. СДСМ треба да падне од власт поради срамно нискиот процент на реализација на капитални инвестиции што е резултат на нивната неспособност и стопирање на сите проекти кои значеа раст на економијата.
8. СДСМ треба да падне од власт поради задолжувањата кои бесрамно ги прават, а од кои граѓаните не видоа никаква корист.
9.СДСМ треба да падне од власт поради јавниот долг, кој ја надмина психолошката граница 5 милијарди евра
10.СДСМ треба да падне од власт поради државниот долг, кој ја надмина психолошката граница 4 милијарди евра.
11.СДСМ треба да падне од власт поради притисоците и заканите врз администрацијата да работат спротивно на законот или им следат отпуштања и девалвирања, а на нивно место вработување на партиски војници и шарени револуционери за дебели хонорари.
12.СДСМ треба да падне од власт поради кадровската политика во која командант Џезаир Шакири Хоџа беше именуван за советник за безбедносни прашања.
13.СДСМ треба да падне од власт поради меракот на Шекеринска и нејзините соработници со армиски хелихоптери да одат по ручеци.
14. СДСМ треба да падне од власт поради скандалозното ослободување на обвинетите од случајот „Смиљковско Езеро“.
15. СДСМ треба да падне од власт поради нерасчистеното убиство на Мартин Јанушев за кое буквално никој не е зад решетки.
16. СДСМ треба да падне од власт поради нерасчистеното убиство на Никола Саздовски Саздо.
17. СДСМ треба да падне од власт поради сомнителните набавки на возила во МВР и Министерството за одбрана од фирма која е спонзор на партијата СДСМ.
18. СДСМ треба да падне од власт поради сомнителните бизниси на вицепремиерот Анѓушев.
19. СДСМ треба да падне од власт поради тоа што Зоран му додели земјиште за градба во Струмица на Вице Заев.
20. СДСМ треба да падне од власт поради континуираното прекршување на Уставот, законите и деловникот на Собранието.
21. СДСМ треба да падне од власт поради прогонот на стотици граѓани во Македонија од кои некои се товарат за наводен тероризам, само затоа што се противат на штетните и погрешни политики на оваа ненародна власт.
22. СДСМ треба да падне од власт поради очигледните изборни манипулации на локалните избори.
23. СДСМ треба да падне од власт поради штетните политики во здравството кое пропаѓа во секој свој сегмент освен во делењето тендери вредни 35 милиони евра на анонимни фирми.
24.СДСМ треба да падне од власт поради концесиите за марихуана што си ги делат Заеви меѓу себе.
25. СДСМ треба да падне од власт поради катастрофалната година во земјоделието, кога речиси целиот род скапува по нивите, без пласман или извоз.
26. СДСМ треба да падне од власт поради корумпирањето на медиумите со народни пари.
27. СДСМ треба да падне од власт поради доделените грантови на фирмите на Анѓушев, Локвенец, снаата на Цветанка Ласкова, општински функционери на СДСМ, и ликови кои се поврзани со оваа партија.
28. СДСМ треба да падне од власт поради корупцијата која расте на секој чекор и поради која Македонија паѓа на секоја меѓународна листа за перцепција на корупцијата, но и во извештаите на Европската Унија
29. СДСМ треба да падне од власт поради тоа што државната ЕЛЕМ ги ангажираше камионите на Вице Заев.
30. СДСМ треба да падне од власт поради арачот што го земаат од граѓаните со покачената акциза на горивата.
Овде не ги броиме лагите кои СДСМ ги кажуваше во време на изборите за 600 километри нов автопат, просечната плата од 500 евра, 100 илјади денари за докторите, повратокот на ДДВ за домаќинствата и стотици други ветувања што ги даваа пред избори, а кои останаа само на хартија.
Стоп за националното понижување и економското урнисување на државата. Народот гледа и народот ќе казни. Не може СДСМ да го победи растечкото незадоволство. Народот секогаш на крајот победува. Македонија ќе победи, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

