Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Оставки од сите функционери кои се поврзуваат со скандалите

Одговорност за општиот грабеж кој го спроведува СДСМ мора да има. Сите владини и државни функционери кои се најдоа во скандалите во изминатиот период тешки неверојатни 45 милиони евра мора да понесат одговорност и да поднесат неотповиклива оставка од сите државни фукнции. Оставки мора да има за се спречи притисокот од страна државните функционери поставени од СДСМ, врз органите на прогонот кои мора да ја завршат својата работа и да ги изведат овие луѓе пред лицето на правдата, а не да бидеме сведоци на преквалификување на обвиненија или апсурдни отфрлања на случаи заради наводен недостиг на докази, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата,обвинителството и судот мора да стават крај на праксата за заштита на криминалот и перење. А луѓето блиски до Заев и СДСМ кои сториле криминал. Правосудниот систем во Македонија мора да се ослободи од стегите на власта и да заборави на партиски нарачаните обвиненија и пресуди од Зоран Заев и СДСМ. Амнестијата на криминалот на СДСМ не е должноста која треба да ја обавува правосудниот систем во Македонија. Обвинителството и судот мора да работат во интерес на граѓаните и на државата.
“Додека здравството е пред целосен колапс, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните со своите животи, Венко Филипче се обиде да спроведе холивудски грабеж и на фирма која е формирана само 4 пред месеци да и додели тендер тежок 35 милиони евра. Додека Македонија тоне на ранг листите за иновативност, Фондот за иновации и технолошки развој стана фонд за исплата на долговите на Заев и СДСМ кон своите сопартијци, фунцкионери од власта и провладини медиуми. Јован Деспотовски се обиде да ги награди ,,најзаслужните’’ партиски послушници со 10 милиони евра пари на граѓаните”, велат од партијата.
Според нив, токму поради ова сите инволвирани во овие скандали мора да поднесат оставка веднаш. ,,Подмолно и како што тој вели ‘закукулено замумулено’, Заев се обиде да го прикрие општиот грабеж со националното предавство наречено договор со Грција. Заев криминалот се обиде да го сокрие со продажба на националните и државните интереси преку капитулантски договор.
Заев се откажа од името, јазикот, историјата, идентитетот и македонското малцинство во соседствот само за да си го отвори патот на себе и своите сопартијци за богатење на грбот на граѓаните. Заев и СДСМ се откажаа од Македонизмот само за да можат тој и неговата багра да ги бројат милионите на своите сметки спечалени на товар на државата.
Правдата во Македонија ќе се врати, а моментот кога тоа ќе се случи ќе одговараат оние кои сториле криминал, но и оние кои го амнестирале, оние кои краделе, но и оние кои застанале на патот на правдата. Кога во Македонија ќе се врати правдата, правната државата и корупцијата ќе стане минато. Само тогаш Македонија ќе се врати на патеката на своите евроатлантски аспирации. Кога СДСМ ќе замине, ќе се спроведе правдата и Македонија ќе победи!”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
CUPRA Formentor и Audi A5 се победници – Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

На вчерашното доделување на престижното признание „Златно Тркало 2025“, два модели од брендовите на Порше Македонија се закитија со награди, потврдувајќи ја нивната супериорност во дизајнот, технологијата и перформансите.
Новиот CUPRA Formentor ја доби главната награда – „Златно Тркало“ за Најпосакуван Автомобил во Македонија.
CUPRA Formentor е првиот целосно самостоен модел на CUPRA, кој совршено ги комбинира спортскиот дух, врвната динамика и препознатливиот дизајн. Овој кросовер-купе ги поместува границите со својата уникатност и напредна технологија.
Иако CUPRA е нов бренд на пазарот, Formentor беше номиниран во категоријата за главната награда – Најпосакуван Автомобил – и по еден месец онлајн гласање освои дури 39% од гласовите.
На гала-вечер организирана од специјализираните автомобилски новинари од редакциите на Avto Plus, CarClub, Cars by Vik и RPM, главната награда „Златно Тркало“ ја прими Генералниот директор на Порше Македонија – Златко Муцунски, во придружба на Бренд Менаџерот на SEAT & CUPRA, Дејан Враниќ.
Златко Муцунски во своето обраќање истакна:
„CUPRA Formentor е симбол на смел дизајн, спортски дух и технолошка софистицираност. Таа претставува автентичен израз на нашата визија за нова ера во автомобилизмот – ера во која страста, иновацијата и уникатниот карактер се во центарот на секое возачко искуство. Оваа година Порше Македонија слави 20 години постоење, а оваа награда е уште едно признание и поттик да продолжиме со нашата мисија: да ја предизвикуваме нормата и да нудиме автомобили што оставаат впечаток.“
Новиот Audi A5 доби наградата за Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија.
Audi A5 победи во категоријата со 35% од гласовите.
Со прецизен, динамичен дизајн, целосно нов ентериер и напредна MHEV технологија за ефикасно и делумно електрично возење, новиот Audi A5 плени на прв поглед. Благодарение на новата архитектура, A5 нуди уште поголема поврзаност, интуитивна интеракција и врвно Audi искуство. Тој го дефинира идниот стандард во премиум сегментот.
„Новиот A5 е симбол на Audi – софистициран, моќен и технолошки напреден. Благодарна сум што публиката ги препозна вредностите на нашите модели. Оваа награда е признание за посветеноста и страста на целиот тим.“ – изјави Весна Бошнаковска, Бренд Менаџер за Audi, при примањето на наградата.
„Златно Тркало“ претставува уникатен показател за вкусот и интересот на публиката.
Воспоставена од жирито на водечките онлајн медиуми во земјата, оваа награда нуди автентичен увид во најпосакуваните возила на македонскиот пазар.
ПР
Соопштенија
Mozzart најпосакуван работодавец за 2024 година – уште едно големо признание

Наградата за најпосакуван работодавач во категоријата игри на среќа за 2024 година е уште едно значајно признание што го зацврстува лидерството на компанијата Mozzart.
Добрите услови за работа, тимската атмосфера, можностите за професионално унапредување, разните обуки, бонусите и наградите, како и постојаната поддршка за секој вработен се причините што ги мотивираат тимовите на Mozzart да го дадат најдоброто од себе.
Овие вредности не само што придонесуваат за подигнување на компанијата на највисокото ниво, туку и го зголемуваат интересот кај луѓето да станат дел од Mozzart.
„За да се биде најдобар, неопходен е неуморен труд и посветеност, а токму тоа претставува основата на успехот на Mozzart, кој секоја година бележи раст и напредок. Ова големо признание е доказ за посветеноста и упорноста на вработените во Mozzart, кои со својата работа, професионалност и тимска енергија ги реализираат амбициозните цели и ја претставуваат компанијата во најдобро светло, изјави Марина Рајчановска, Директор на сектор за човечки ресурси.
Сето тоа е потврдено со оваа престижна награда за најпосакуван работодавач за 2024 година. Компанијата, како водечки лидер во приредување игри на среќа, останува неприкосновена на врвот, препознатлива по своите успеси и посветеност, секогаш стремејќи се кон врвните резултати и цврсто држејќи ја својата позиција која ја гради со години.
ПР
Соопштенија
Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Празничните денови што следат носат промена во ритамот на секојдневието – повеќе слободно време, дружења и активности надвор од вообичаените навики. Со тоа доаѓа и потребата за подобра организација, не само на времето, туку и на личните финансии. Во вакви периоди, одлуките што ги носиме за тоа како, кога и каде трошиме добиваат уште поголемо значење. Прашањето не е дали ќе потрошиме, туку дали ќе го направиме тоа паметно. Современите дигитални алатки на Халкбанк им овозможуваат на корисниците токму тоа – контрола, прегледност и вредност при секоја трансакција, без разлика дали станува збор за штедење, награди или сигурно онлајн купување.
Микроштедење што се случува додека купуваш Најдобриот начин да започнеш со штедење е токму преку секојдневните трансакции. Со е-Касичката на Халкбанк, секоe купување со платежна картичка автоматски придонесува кон твојата лична заштеда. Системот заокружува износи при плаќање, а разликата се префрла на посебна сметка. Овој едноставен, но ефикасен механизам овозможува штедење без да го почувствуваш товарот на традиционалните методи. Особено во празничен период, кога купувањата се почести, ваквиот начин на автоматизирано штедење може да направи вистинска разлика во твојата финансиска состојба.
Празнично пазарење со Бонус поени
Секоја трансакција со картичките на Халкбанк не е само купување – тоа е и можност за награда. Преку програмата за лојалност на Бонус Поени, со секоја трансакција направена со кредитните картички, клиентите собираат поени кои можат да ги искористат за делумно или целосно плаќање во мрежата на партнери на банката. Овие поени можат да бидат одличен ресурс за купување велигденски подароци или покривање на неочекувани трошоци поврзани со празничните прослави. На тој начин, дел од празничниот буџет останува недопрен, додека клиентите сепак можат да подаруваат и израдуваат.
Онлајн купување – безбедно, практично и под контрола
Во време кога многу луѓе ја избегнуваат гужвата и сакаат да заштедат време, онлајн купувањето станува сè попривлечно. Халкбанк преку својата платформа за E-commerce овозможува сигурно плаќање, заштита преку 3D Secure технологија и комплетна прегледност на трансакциите преку мобилно или интернет банкарство. Со ова, празничното шопинг искуство станува не само удобно, туку и целосно под твоја контрола – од потврда на трансакции до следење на трошоци во реално време.
Празнична радост со долгорочна финансиска грижа
Халкбанк не нуди само алатки за тековна удобност, туку и за долгорочна финансиска стабилност. Комбинирањето на микроштедење, паметно користење на поени и безбедно онлајн купување е пример за одржливи финансиски навики што може да се применуваат не само за празници, туку и во секојдневниот живот. Финансиската едукација е клучна – затоа Халкбанк ги охрабрува своите клиенти да ги користат овие алатки како начин за создавање здрав однос кон парите, каде што штедењето и трошењето не се спротивставени, туку комплементарни процеси.
Паметното празнично купување не значи откажување од задоволства – туку нивно планирање и уживање без грижа на совест. Со е-Касичка, Бонус поени и E-commerce, празниците можат да бидат исто толку убави, а сепак финансиски паметни.
ПР