Македонија
(Видео) Арсовски:Блиски лица до СДСМ ги испумпуваат народните пари преку ,,иновативни” проекти
Списокот на функционери и нивни блиски луѓе кои земале грант од Фондот за иновации секојдневно се зголемува.Денес во медиумите можевме да забележиме уште едно име кое земало грант од Фондот за иновации, а како што можеме да прочитаме се работи за прв братучед на велешкиот градоначалник од СДСМ, Аце Коцевски. Дали Трајче Трајков, прв братучед на Аце Коцевски од СДСМ е уште еден сомнителен иноватор кој земал околу 45.000 евра од фондот за иновации?, запраша на прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Трајче Трајков со неговата фирма Хемија Комерц ДООЕЛ Велес преку Фондот за иновации земал 45.000 евра народни пари за проектот ,,Сопствено производство на готови керамички маси за производство на трпезни керамички садови’’.
,,Овој мега скандал зазема се поголеми размери и граѓаните со право очекуваат оставки.
Првиот братучед на Аце Коцевски, Кочо Анѓушев, Хари Локвенец, Цветанка Ласкова, Весна Кузмановиќ и многу други блиски лица до СДСМ ги испумпуваат народните пари преку своите наводно ,,иновативни” проекти.Вмешаните функционери во овој мега скандал немаат доблест да си поднесат оставка од морални и етички причини.Иновативниот криминал поврзан со Фондот веќе целата јавност го виде и тој тежи околу 10,5 милиони евра. Конфликт на интереси, злоупотреба на службена должност и уште десетици други дела казниви според законската легислатива на Република Македонија”, вели Арсовски.
Тој го ,,охрабрува Јавното обвинителство да дејствуваат непристрасно и според законите како што им налагаат”.
,,Не треба човек да биде правник за да види дека овде има основа за кривично гонење на иновативниот криминал во десетици случаи за испумпување на народни пари во приватни џебови на лица кои се блиски на СДСМ или нивни функционери.Овој криминален мега скандал мора да се истражи во детали и во ниту еден случај ниту случајно да не се обидат СДСМ преку своите канџи во судството да го заташкаат или да го исперат криминалот.Се работи за очигледен криминал кој го виде целата јавност и се случува пред очите на јавноста. Во спротивно еден ден кога ќе се отараси судството од канџите на СДСМ сите до еден ќе одговараат за овие скандали кои ни се случуваат пред нашите очи”, додава тој.
Ви благодарам на вниманието
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

