Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ удри на крадење, и тоа на најјако

СДСМ удри на крадење, и тоа на најјако, додека во државата ништо не функционира, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека владата предводена од СДСМ ја довела економијата пред колапс.
„Имаме најниска стапка на раст во регионот и во Европа, нема капитални инвестиции, а јавниот и државниот долг ги уриваат психолошките бариери. Процентот на реализација на капиталните инвестиции е катастрофален. Неспособната власт успеа да реализира само 16,65 проценти од капиталните инвестиции кои самите си ги планариле. Ниту можат да направат план, уште помалку да го реализираат. Претхоните влади за првите шест месеци реализирале и над 40% од предвидените инвестиции. Зоран Заев и црното економско трио не ставија камен на камен“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека ваквите факти говорат за неспособноста и фокусот на криминал од владата предводена од СДСМ, Зоран Заев и неговите луѓе задложени за економија, Кочо Анѓушев и Драган Тевдовски.
„Секој ден сме сведоци на расипничко трошење, делење грантови на партиски подобни фирми. Не постои ниту еден граѓанин кој живее подобро откако е Заев на власт, освен функционерите блиски на Заев, нивните роднини и пријатели. Очигледно политиките на Заев ќе имаат потешки последици за Македонија отколку што може да се претпостави“, се вели во соопштението.
Од опозициската партија додаваат дека со ваква економска политика граѓаните треба да заборават на ветувањата кои Заев им ги давал, како 600 километри нови автопати, 30 илјади денари просечна плата, 100 илјади денари плата за лекарите итн.
Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ на крајот се наведува дека колку побрзо заврши владеењето на оваа криминална група, толку побрзо Македонија ќе се опоравува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Бомбастична есен = Бомбастични можности со Минт Кредит

Време е за нови планови и свежи почетоци – затоа што оваа есен носи бомбастични можности! Есенската сезона во Минт Кредит започнува со неверојатна понуда, -30% попуст на трошоци до 300.000 мкд и инстант одобрување за само 10 минути, твоите идеи и желби стануваат реалност веднаш.
· Без чекање.
· Без компликации.
· Само голема насмевка и мали трошоци. Акцијата важи во периодот од 22.09.2025 до 30.09.2025 за Минт Кредит од 300.000 мкд. Секој клиент кој ќе аплицира во наведениот рок ќе има можност да добие значителна заштеда, а истовремено и финансиска поддршка до 300.000 мкд. За повеќе информации контактирајте не на 15 107 или преку веб-страната Mint Credit.
(ПР)
Соопштенија
50 македонски комунални возила на БРАКО на улиците на Ријад

Над 50 возила за чистење Грин Машинс произведени во фабриката БРАКО од Велес се продадени во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Со тоа, македонскиот инженерски производ се најде во служба на еден од најголемите урбани проекти на Блискиот Исток.
Од производствените хали на БРАКО во Велес, директно на улиците на Ријад – над 50 специјализирани возила GM636 се веќе испорачани и активно се користат за одржување на хигиената во главниот град на Саудиска Арабија.
Се работи за голема и комплексна испорака, во рамки на една од најобемните јавни програми за чистење во тој регион, каде што повеќе изведувачи беа ангажирани за чистење на различни делови од градот. 50 возила од брендот Грин Машинс на БРАКО се вклучени во тој проект. За потребите на проектот во Ријад, тимот на БРАКО дополнително го зајакна моделот, прилагодувајќи го за работа во специфични климатски услови и за ефикасно справување со песочни наноси на улиците и јавните површини.
Испораките за Саудиска Арабија не завршуваат тука – фабриката во Велес очекува нови нарачки за возила за чистење за во други саудиски урбани центри.
БРАКО произведува 8 модели на возила Грин Машинс: на водороден, електричен и класичен погон. Преку свои фирми ќерки во Соединетите американски држави, Обединетото Кралство, Холандија и Германија и преку надворешна продажна мрежа, македонската врвна технологија за урбано чистење ја има на пазарите во над 50 земји.
(ПР)
Соопштенија
БРАКО донира ЕКГ во болницата во Велес

БРАКО донираше апарат за ЕКГ на Интерното одделение во болницата во Велес, на барање на болницата која се обрати до БРАКО за помош за итна неопходна замена на расипано EKГ, како елементарно неопходно за нормално функционирање на болницата и пружање услуги на пациентите.
Велешката фабрика веднаш излезе во пресрет и ја набави потребната апаратура, 12-канално EKГ според спецификацијата доставена од здравствената институција.
При испораката на ЕКГ-то, во име на БРАКО болницата ја посетија Благој Шалев и Ангел Анѓушев, кои заедно со директорот на болницата Александар Бузалков кусо присуствуваа на обуката на персоналот за користење на новата опрема, како и на ставањето во употреба на толку потребниот апарат за пациентите во Велес.
БРАКО редовно го поддржува градот Велес со повеќе донации и спонзорства согласно потребите на граѓаните, како и други институции надвор од Велес. Што се однесува до здравството, БРАКО опреми со медицински мебел од сопствено производство еден кат на Абдоменална хирургија во Клиниката за Хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје, додека на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје донираше медицински мебел за Ургентниот центар, а во моментов се изработува медицински мебел за Клиниката за Тораковаскуларна хирургија за донација преку ФЕРОИНВЕСТ.
(ПР)