Македонија
На четирите деца за првпат им е дијагностициран дијабет по последното влошувањето на здравствената состоја

По извршени вонредни инспекциски контроли кај матичните доктори на четирите деца, две од Охрид, едно од Гевгелија и едно од Свети Николе, е констатирано дека на сите четири деца за првпат им се дијагностицирал дијабет мелитус тип 1 по последното влошувањето на здравствената состоја поврзана со хоспитализацијата на клиниките во Скопје, соопшти ДСЗИ.
„Од првичниот увид во медицинската документација водена за децата, ДСЗИ костатираше дека сите посети на децата кај матичените лекари, како и посетите во другите здравствени установи главно се уредно евидентирани.
Дијабетес мелитус тип 1 е најчесто автоимуно заболување кое се карактеризира со деструкција на бета клетките на панкреасот при што доаѓа до комплетен недостаток на инсулин. Една третина од новодијагностицираните деца од дијабетес мелитус тип 1 се примаат во кетоацидозна состојба која бара интензивна терапија“, велат од ДСЗИ.
Децата обично пројавуваат, како што објаснуваат, симптоми на зголемен внес на течности, зголемено мокрење, зголемен внес на храна, слабеење и стомачни болки, една до четири недели пред да им биде поставена дијгнозата.
Нашата држава спаѓа во земјите со мала/средна инциденца во однос на појавата на дијабет кај деца. Во последните години постои тренд на зголемување на бројот на заболените кое е во согласност со светските трендови, додаваат од ДСЗИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Oд 06:30 до 13:00 часот, дел од с.Сарај ул.4 – пат за с.Љубин кај кафе Лозана. (Општина Сарај)
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.Лазар Трповски зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски. (општина Чаир)
· Oд 09:00 до 15:30 часот,с.Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово.(општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Наум Чакаров бр.1-5 и ул.Борис Сарафов бр.105-121.(Општина Ѓорче Петров)
· Oд 12:00 до 13:00 часот, дел од ул.1 во с.Побожје, пат кон Бутел. (Општина Чучер Сандево)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, претпладне сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 24 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со повремени врнежи од дожд и грмежи.
Македонија
38 санкции при акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт

Денеска (16.04.2025) во периодот од 06 до 10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во заедничка акција со Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски, на подрачјето на Скопје спроведоа контрола за спроведување на законските регулативи и транспортот на патничките и товарните моторни возила, а со цел обезбедување поголема безбедност и законитост во областа на транспортот.
Притоа, од страна на полициските службеници од СВР Скопје беа преземени девет мерки и беа поднесени девет платни налози и записници за сторени прекршоци според Законот за безбедност на патниот сообраќај и според Законот за возила.
Додека, од Државниот инспекторат за транспорт беа констатирани вкупно 29 мерки според Законот за превоз во патниот сообраќај и според Законот за работно време на работниците.