Македонија
Еколошките здруженија ќе протестираат против неконтролираната урбанизација во Охрид

Повеќе еколошки здруженија за утре во 11 часот најавија протест на кој ќе побараат заштита на охридското крајбрежје. Тие од Лагадин ќе тргнат во протестна поворка против, како што велат, непланската урбанизација и девастација и по попатни застанувања кај Горица, Св. Стефан и Студенчишко Блато, ќе пристигнат пред Општина Охрид, каде што заедно со граѓаните што ќе се приклучат од Охрид со почеток во 12 часот ќе одржат протестен перформанс.
Мирниот протест, организиран од „Охрид СОС“ и здружението „Стар Лагадин“ и поддржан од „Гоу грин – Биди зелен, фронт 21/42“ и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. има цел да го сврти вниманието на институциите и на јавноста кон сериозната опасност Охрид да го загуби статусот светско наследство на УНЕСКО поради уништувањето на крајбрежјето и езерото со хиперурбанизација и развивање масовен туризам во услови на нефункционален и нецелосен колекторски систем.
Во одбрана на можеби најважното и највредно обележје на земјата, еден од нејзините најзначајни заштитни знаци, единственото место со УНЕСКО-статус, организаторите на овој настан бараат да престане префрлувањето на одговорноста меѓу државната и локалната власт и итно преземање на сите потребни чекори за целосно спроведување на шестата препорака на Реактивната мисија на УНЕСКО – прогласување мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации на пoдрачјетo на светскoтo наследствo сè додека не се изработат сите релевантни плански документи и додека не се прифати соодветна правна регулатива и се воспостават ефикасни механизми за контрола.
Преку овој протест граѓаните бараат од Општина Охрид итно да се заложи за прогласување мораториум според препораката на УНЕСКО, како и да се заложи за поништување на општиот акт за с. Лагадин најмалку преку стопирање на сите издадени дозволи за градење и стопирање на издавањето нови и преку известување на Уставниот суд за својата заложба.
Организаторите на овој настан ги повикуваат сите оние што не се согласуваат со урбаното и еколошкото насилство врз Охридскиот Регион да дојдат и заедно преку еден симболичен чин – протестен перформанс – гласно и на повеќе светски јазици да ги повикаат надлежните во одбрана на автентичното природно, културно и амбиентално богатство на Охрид и крајбрежјето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кузеска: Властa ја пропушти шансата за фер изборен законик

Жалиме што власта ја пропушти шансата да се обезбеди изборна рамка која е фер, праведна и прифатлива за сите, изјави портпароката на СДСМ, Богданка Кузеска за изборниот законик.
„Пред ЗКП направивме координација и сите партии освен ДУИ поддржаа 0,5 за независните. Се ризикува изборите да се претворат во хаос. Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што се пропушти шансата да се стави рамка која беше добра и прифатлива за сите“, изјави Кузеска одговарајќи на новинарско прашање.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДС пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Филипче како живее, бијдеќи тоа што го збори СДС, а Филипче го прави не соодветствува едно со друго, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на која СДСМ побара покачување на минималната плата и платите во сите сектори.
„Нека каже Филипче како со лекарска и пратеничка плата, се стига до јахти, облакодери и акции во авиокомпании, па да ја раководиме економијата на државата во тој правец. Секако, ако е легално и законски начинот на кој ги заработил парите.
Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи. Од земја на раб на банкрот, зголемени сметки, плати кои стагнираат и не се исплаќаат во време на СДС, за една година го сменивме начинот на живеење. Сега, граѓаните имаат повисоки плати, пензии, нови работни места, земјоделците добиваат субвенции.
Разликата е јасна. Со СДС се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темелите на промените“, се додава во партиската реакција.
Македонија
(Видео) Владата да ја покачи минималната плата на 500 евра, порача СДСМ

Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски за наводен раст на платите од 11 до 13 проценти месечно се најголемо потценување и навреда за граѓаните, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Мицкоски сака да каже дека платите во последните месеци пораснале и до 110 проценти. Такви фантазии не постојат во македонската економија. Реалноста е спротивна – цените растат, а платите стагнираат“, рече Кузеска.
Таа посочи дека според официјалните податоци синдикалната кошница за четири месеци се зголемила за 3.473 денари, додека просечната плата пораснала за само 1.033 денари.
„Минималната плата во Македонија е најниска во регионот, додека во БиХ е 511 евра, во Србија 500, во Црна Гора меѓу 600 и 800 евра. Владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да достигне 500 евра“, изјави таа.
СДСМ оценува дека Македонија тоне во сиромаштија, со БДП по глава на жител од 8.751 долар, далеку под европскиот просек.
„Филмовите на Мицкоски не ја плаќаат потрошувачката кошница. Владата мора веднаш да ги покачи платите и да го прифати предлогот на СДСМ за минимална плата од 500 евра и покачување во сите сектори“, додаде Кузеска.