Македонија
Македонија изминатава година постигна најголем напредок меѓу земјите од Западен Балкан, смета Хан
Еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, во интервју за „Еуроактив“ ја издвои Македонија како позитивен пример одговарајќи на прашањето која земја од Западен Балкан постигнала најголем напредок изминатава година.
„Поранешната југословенска република Македонија, која ја надмина големата политичка криза со демократски средства“, одговори Хан.
Тој образложи дека земјата постигнала значителен напредок во спроведувањето на договорот од Пржино и реформските приоритети на новата Влада, а ги пофали и договорите со Бугарија и Грција.
„Значајни се напорите на Владата на премиерот Заев за добрососедски односи. По договорот со Бугарија, најпосле, по 27 години залудни напори со посредство на ОН, се најде решение за спорот за името помеѓу Скопје и Атина. Овој историски договор претставува значаен чекор кон реализација на евро-атлантската перспектива на земјата“, оцени Хан.
Еврокомесарот додаде дека е неопходен успешен референдум и ги повика политичките фактори во Македонија да работат за постигнување на целта наместо да го загрозуваат напредокот на земјата со дневна политика.
Хан, говорејќи за 2025 година, како можен рок за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, потенцира дека датумот е многу амбициозен, но достижен.
За реформите во поглед на приспособување на стандардите на ЕУ, Хан укажа дека е потребно доста време бидејќи не станува збор само за законски промени, туку и за нивна практична примена. Еврокомесарот, во рамките на интервјуто, додаде дека Западен Балкан е опкружен со земји членки на Унијата и дека регионот ѝ припаѓа на ЕУ во географска, историска и културна смисла.
Е. Т.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

