Свет
Трамп: САД нема да ги променaт санкциите кон Русија
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека санкциите на Соединетите Американски Држави кон Русија ќе се одржуваат и засега нема да претрпат промени.
„Санкциите ќе останат какви што се во моментот“, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа за време на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер Џузепе Конте.
Изјавата на Трамп следува две седмици по неговата средба со рускиот претседател, Владимир Путин, во Хелсинки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Столтенберг им порачува на европските лидери да не се плашат од Трамп, туку да соработуваат со него
Шефот на НАТО во заминување Јенс Столтенберг им порача на европските лидери да не се плашат од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, туку да соработуваат со него.
Во интервју за Политико, ден пред заминувањето од функцијата, генералниот секретар на Алијансата рече дека скептичните европски влади „треба да направат сè што можат“ за да го убедат Трамп да ја продолжи американската поддршка за Украина, доколку победи на изборите во ноември.
„Кој и да победи на претседателските избори во САД во ноември, мислам дека е важно европските сојузници да се ангажираат за да обезбедат САД да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Столтенберг.
Свет
Трамп: Јас сум единствениот американски лидер за време на чиј мандат Русија не ги нападна соседите
Поранешниот претседател на САД и кандидат на републиканците на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп изјави дека тој е единствениот американски лидер во последните години за време на чиј мандат Русија не ги нападна своите „соседи“, вклучително и Украина.
Во интервју за „Вашингтон пост“, Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш немаше да започне војна против Украина додека е тој на власт.
„Ние би разговарале за тоа, тоа би било негов сон, но тој никогаш не би го направил тоа со мене на власт“, истакна тој.
Свет
Путин го унапреди својот поранешен телохранител во член на Советот за безбедност на Русија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го унапреди Алексеј Дјумин, неговиот поранешен телохранител, во член на рускиот Совет за безбедност.
„Да се вклучат следните лица како членови на Советот за безбедност на Руската Федерација: А. Г. Дјумин – помошник на претседателот, А. Л. Линка – шеф на ГУСП, Д. В. Мантурова – прв заменик претседател, В. И. Скворцова, шеф на ФМБА“, наведено е во декретот на претседателот на Русија, објави РИА Новости.
Путин го исклучи од Советот за безбедност вршителот на должноста секретар на Генералниот совет на Единствена Русија, Владимир Јакушев, кој минатата недела премина во Советот на Федерацијата.