Свет
Новинарот што го откри „Вотергејт“ во новата книга окрива детали за мачниот живот со Трамп во Белата куќа
Боб Вудворд, еден од двајцата американски новинари што го открија скандалот „Вотергејт“, кој доведе до оставка на тогашниот претседател Ричард Никсон, во својата најнова книга го анализира владеењето на претседателот Доналд Трамп.
Книгата „Страв: Трамп во Белата куќа“, која ќе излезе на 11 септември, открива детали
без преседан за мачниот жоивот во Белата куќа со Доналд Трамп и начинот на кој претседателот носи одлуки за важни теми од домашната и надворешната политика, соопшти издавачката куќа „Сајмон и Шустер“.
Трамповото претседателствување за помалку од две години го одбележаа многубројни смени на високи функционери, скандали со непотребни трошоци и дилемата за евентуалното руско мешање во предизборната кампања.
Симболите на истражувачкото новинарство, Вудворд и Карл Бернстајн, во 1972 година, работејќи за „Вашингтон пост“, открија серија скандали поврзани со аферата „Вотергејт“ по што во август 1974 година Никсон поднесе оставка.
Вудворд, кој сега има 75 години, и понатаму е дел од редакцијата на „Вашингтон пост“, а книгата за Трамп е последната во низата негови дела за американските претседатели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брод полн со туристи потона во Египет
Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на Црвеното Море.
„Сан“ пишува дека на бродот имало 31 турист од различни националности и 14 членови на екипажот.
Инцидентот се случил околу 5 часот и 30 минути кога туристите тргнале на нуркање и бродот испратил сигнал пред да се изгуби секаков контакт со него.
#BREAKING 🇪🇬Thirty-one tourists are missing after the boat Sea Story sank near Marsa Alam, an Egyptian Red Sea resort.
The vessel, carrying 31 tourists of various nationalities and 14 crew members, sent a distress signal around 5:30 am during a scuba diving trip. Departing from… pic.twitter.com/mex8RtqvIN
— 凤凰欧洲 PhoenixCNE News (@PhoenixCNE_News) November 25, 2024
Египетската морнарица мобилизираше хеликоптери и поморска единица во потрага по исчезнатите туристи. Спасувачките операции се во тек, а властите се обидуваат да најдат преживеани во водите на Црвеното Море.
Контролниот центар ги алармирал различните власти, вклучително и Центарот за поморско спасување, а тимовите за пребарување и спасување започнале големи спасувачки операции.
Свет
(Видео) Обилни снежни врнежи во Турција, затворени училишта
Поради снежни врнежи и други неповолни временски услови, наставата е прекината во 20 од вкупно 81 провинција во Турција и во одредени области во пет провинции, јавува Си-Ен-Ен Турк.
Училиштата денеска ќе бидат затворени поради снежни врнежи, снежни виулици, мраз и невреме во Самсун, Кајсери, Нигде, Невшехир, Болу, Гумушане, Бајбурти, Јозгат, Токат, Сивас, Кахраманмарас, Ерзинџан, Киршехир, Кастамон, Караман, Малатија и други провинции, пренесува медиумот.
🌈🌎👉On (24.11.2024) Vehicles Are Covered With Snow on the Road Konya – Afyon in Turkey. Un Expected Snow Falling From the History. Everything Has Covered With White Sheet. pic.twitter.com/H2tMmjncgl
— 🦅Global Climate Crises🦅 (@champion777_) November 25, 2024
Поради врнежи од снег и мраз, училиштата ќе бидат затворени во некои делови на уште пет провинции, а раководството на одредени области одлучи утре да ја прекине наставата.
Во провинцијата Малатија, на истокот од земјата, од снежните наноси на патиштата спасени се 787 граѓани, јавува Танјуг.
Во областа Хекимхан спасени се пет овчари кои на планината беа покриени со снег, но еден од нив подоцна почина во болница. Работите на расчистување на патиштата и спасување граѓани продолжуваат.
Свет
Премиерот на Грузија го смени министерот за надворешни работи и уште двајца членови на кабинетот
Премиерот на Грузија, Иракли Кобахиџе, денеска на брифинг со новинарите го објави новиот состав на владата, а за министер за надворешни работи го предложи претседателот на Комисијата за евроинтеграции Мака Бочоришвили.
Таа на таа функција ќе го наследи Илија Дарчијашвили.
На чело на Министерството за правда е именуван Анри Оханашвили, претседател на парламентарната Комисија за правни прашања, а Давит Сонгулашвили, претседател на Комисијата за секторска економија и економски развој, ќе раководи со Министерството за животна средина и земјоделство.
Номинациите беа објавени непосредно пред првата седница на парламентот, која е закажана за 12 часот по локално време, а ќе се одржи во позадина на протести и проблеми со легитимноста на новиот парламент поради резултатите од одржаните парламентарни избори на 26 октомври, за кои опозицијата тврди дека биле наместени, пренесува порталот „Цивил Џорџија“.
Со инаугуративната седница на грузискиот парламент ќе претседава најстариот пратеник Ладо Кахадзе. Клучните точки на дневниот ред се потврдување на мандатот на сите 150 членови и избор на претседател на Собранието, потпретседател и претседател на Управниот одбор.
Според официјалните резултати на Централната изборна комисија, во парламентот влегоа пет политички партии, а владејачката партија Грузиски сон има 89 мандати.