Македонија
Ставот на дијаспората не може да го претставува една организација, смета министерот Адеми

Желбата на некои организации да го носат ореолот на една единствена, која ги претставува сите во дијаспората, едноставно е невозможна и не може да биде тоа во ситуација кога во дијаспората низ целиот свет има над 80 организации што ги претставуваат интересите на граѓаните по потекло од Република Македонија, се вели во соопштението од кабинетот на министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.
Оттаму информираат дека живееме во 21 век, во демократско време, време на плурализам и различности и никој, како што се наведува во соопштението, не може да ја монополизира вистината и никој не може да ја монополизира дијаспората.
„Дијаспората како категорија граѓани што живеат и работат надвор од Република Македонија е комплексна и динамична! Не е така едноставна како што некои организации сакаат да ја претставуваат. Изедначувањето на целата дијаспора со една или две организации е погрешна и невистинита. Граѓаните на Република Македонија ќе одлучат за иднината и е неодговорно кој било да се противи на изразувањето на волјата на народот“, стои во соопштението од кабинетот на министерот Едмонд Адеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Алиу промовираше нов модул за електронска евиденција на здравствени прегледи во областа на медицина на труд

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го промовираше новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на медицина на труд. Модулот е изработен од Управата за електронско здравство, во соработка со Институт за медицина на труд и Здружението на лекари специјалисти по медицина на труд.
– Модулот овозможува електронска евиденција на здравствени прегледи кои досега се спроведуваа исклучиво на хартија, со што се прави значителен исчекор кон целосна дигитализација на здравствените услуги во оваа област. Овој модул претставува значаен напредок во дигитализацијата и модернизација на здравствените системи, кој носи конкретни придобивки за сите граѓани, работодавачи и здравствени работници во нашата држава. Во системот електронски се евидентираат здравствените прегледи за општа здравствена способност, за засновање работен однос, за здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина, како и прегледи за здравствена состојба за поседување и носење оружје, посочи Алиу.
Драгана Бислимовска од Институтот за медицина на трудот информираше дека станува збор за прва електронска евиденција од ваков тип во националниот систем Мој термин, со која се овозможува електронски запис за издавање лекарски уверенија и следење анализи и податоци во реално време.
-На овој начин, конечно ќе се овозможи интегрирање на дејноста медицина на труд во системот Мој термин преку регистрација на извршените здравствени прегледи, со што ќе се овозможи видливост и следење на нашите активности од областа на медицина на трудот. Посебно е значајно што нас како лекари специјалисти по медицина на труд ни се овозможува пристап до здравствените податоци за секое лице, псочи Бислимовска.
Жаклина Чагороска од Националниот електронски систем Мој термин информираше дека сите прегледи се вршат исклучиво во овластени здравствени установи, каде што лекарите се идентификуваат преку своја професионална лиценца или факсимил.
-Со секој преглед, автоматски се креира посебен здравствен картон за овој тип на евиденција. Понатаму, системот автоматски генерира лекарски извештај, кој содржи медицинско мислење, идентификувани состојби, препораки за вработениот и работодавачот, како и оценка на работната способност, рече Чагороска.
Процесот на дигитализација ќе продолжи во следниот период со креирање портал за работодавците преку е-услуги за иницирање прегледи на вработените, интеграција во здравствените досиеја и прикажување во апликацијата Мое здравје, како и целосна дигитализација на документите и поврзување со институции преку интероперабилност, особено со Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за вработување, најавија од министерството.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС го зароби Обвинителството преку главниот обвинител Коцевски, не одговараат затоа што го држат на функција

СДС го зароби обвинителството преку главниот обвинител Коцевски, не одговараат затоа што го држат на функција. Главниот обвинител Коцевски е кукла во рацете на СДС, тој таа улога сам си ја избра во моментот кога не си поднесе сам оставка, и чекаше СДС да му дадат сламка за спас во Собранието, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Главниот обвинител Коцевски доби црвен картон во Собранието со изгласаната интерпелација, и наместо да покаже одговорност и да си поднесе оставка, тој избра по секоја цена да седи во удобната фотеља и да ги штити СДС од одговорност.
Главниот обвинител Коцевски не може да каже дека не знаел во каква игра влегол, ниту да каже дека бил наседнат, многу свесно ја презема улогата на заштитник на криминалите на СДС.
И сосема е јасно зошто година ипол нема ниту еден завршен случај за фукционери од СДС кои 7 години ја крадеа државата“.
Според него, штетата која главниот обвинител Коцевски и СДС ја прават врз правосудството е огромна, со уништување на секаква доверба и интегритет.
Македонија
Забрана за движење во шумите до крајот на август, за прекршителите казна до 2.000 евра: Владата ја продолжи кризната состојба од 30 дена

На владината седница е донесена одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена.
Со ова продолжување, како што е појаснето во владиното соопштение, се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси, вклучително и човечки, технички, логистички, остануваат мобилизирани сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии.
„Имено, поради висок ризик од шумски пожари во државата, апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште (донесена од 1.7.2025 година и ќе трае до 31.8.2025 година), во спротивно сите оние што не се придржуваат кон оваа одлука, која е донесена за спречување пожари, ќе бидат казнети со глоба од 1.500 до 2.000 евра“.