Свет
Германските неонацисти имаат листа за отстрел на политички непријатели
Полицијата во текот на истрагата во редовите на екстремната десница во Германија пронашла листа со непријатели на ултрадесничарската сцена, каде што, покрај имиња, имало и адреси и телефонски броеви, пренесуваат германските медиуми.
Покрај веќе познатите листи со 10.000 имиња на политички непријатели, кои беа пронајдени во рамките на повеќегодишната истрага врз терористичката група Националсоцијалистичко подземје (NSU), полицијата минатата година за време на рација во сојузната покраина Мекленбург пронашла нов список со речиси 25.000 имиња на политички непријатели што би требало да се ликвидираат во кризна ситуација.
Ова го соопшти германското Министерството за правда по барање на пратеничкиот клуб на партија од левицата. Сепак, Министерството образложи дека не може да ја процени вистинската опасност за лицата на листите.
Потпретседателката на партијата Левица, Мартина Ренер, ја критикува сојузната влада поради неефикасноста во информирањето на луѓето што се ноѓаат на таа листа.
„Како да се оправда фактот дека властите информирале само неколку луѓе што се на таа листа“, запраша Ренер.
Германската асоцијација на новинари (DJV) побара од Сојузната канцеларија за борба против криминалот (BKA) итно да ги информира новинарите што се наоѓаат на таа листа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

