Македонија
Град Скопје со отворен повик за учество на семинар за кураторство

Град Скопје ги известува уметниците кои живеат и работат во Скопје за можноста за учество на семинар што ќе го истражува односот помеѓу историјата на уметноста и кураторството, како и наративноста вклучени во кураторството. Ќе се фокусира на современите изложби на уметноста на дваесеттиот век.
Семинарот се состои во сесии за изложби и сесии за студии на случај, вклучувајќи и дискусија за есеи, посета на изложба со дискусија и учество на независен куратор.
Локацијата каде што ќе се одржи семинарот се наоѓа во центарот на градот Авеиро во Португалија, во Конгресниот центар што е сместен во поранешната фабрика „Јеронимо Переира Кампос“, која датира од 1916 година. Од 1995 година е конгресен центар, најрелевантен во регионот и професионален центар за обука.
Семинарот е отворен за локални куратори и уметници (родени или жители ) во кои било од градовите што учествуваат во Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво)”.
Потребно е кураторите и уметниците да имаат диплома по уметност, кураторство или сродни области, најмалку една година кураторско искуство или работно искуство во музеј/галерија и сл.
Организацијата ги покрива патните трошоци до 600 евра и сместување, освен за учесниците од Авеиро.
Организација нуди оброци на сите учесници во текот на работилницата од 29 до 31 октомври.
Учесниците треба да носат со себе лаптоп и треба да присуствуваат на сите сесии на семинарот.
Рокот за пријавување е до 16 септември 2018 година.
Сите заинтересирани онлајн формуларот за аплицирање треба да се поднесат онлајн до 16 септември 2018 година: https://creart2-eu.org/open-calls/
Потребни се следните документи:
• Име, адреса, телефонски број и адреса на е-пошта,
• Скенирана копија на лична карта или пасош,
• Кратка биографија,
• Да се наведат причини за учество на семинарот (Не повеќе од една А4 страница).
Град Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Лидер на проектот е градот Валадолид од Шпанија, а проектот го сочинуваат 12 партнери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).