Свет
Трамп ја пронајде својата сродна душа

Тие се и политички аутсајдери, но американскиот претседател зборува за него со воодушевување.
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот во Белата куќа го поздрави цврстиот став на италијанскиот популистички премиер Џузепе Конте за имиграциските прашања.
Трамп и Конте, кој беше назначен на позицијата минатиот месец да ја предводи коалиционата антиестаблишмент влада, ги истакнаа добрите односи меѓу двете земји, по низа прашања, претставувајќи се, како што наведува „Вашингтон пост”, како сродни души во своите намери да го разбуричкаат статус квото.
На заедничката прес-конференција, Трамп кажа дека „со Конте е поблиску поврзан” отколку со други пет лидери во групата Г7, покрај Франција, Германија и Обединетото Кралство.
Трамп и Конте првпат се сретнаа на самитот на Г-7 во Канада минатиот месец, кога првиот човек на САД го пренасочи вниманието на економскиот дијалог ненадејно барајќи поддршка за заедничка изјава по конференцијата.
– Двајцата сме аутсајдери во политиката – дали може да верувате во тоа? – праша Трамп стоејќи до Конте во Белата куќа.
Трамп рече дека италијанскиот премиер направил „фантастична работа” во неговите напори за намалување на приливот на имигранти. Американскиот претседател изјави на конференцијата дека лесно ќе ја блокира владата ако Конгресот не ги поддржи мерките за контрола на границата со Мексико, вклучувајќи ја и предложената изградба на ѕидот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“.
Во објава на Икс, премиерот рече дека е во „постојан контакт“ со Министерството за одбрана и дека добил директен извештај од оперативниот командант.
Otrzymałem meldunek od Dowódcy Operacyjnego Rodzajów Sił Zbrojnych o zestrzeleniu dronów, które wtargnęły w naszą przestrzeń powietrzną i mogły stanowić zagrożenie. Operacja trwa.
— Donald Tusk (@donaldtusk) September 10, 2025
Тој додаде дека го информирал генералниот секретар на НАТО за моменталната ситуација и мерките што се преземени против објектите што го нарушија полскиот воздушен простор.
Poinformowałem Sekretarza Generalnego NATO o aktualnej sytuacji i działaniach, jakie podjęliśmy wobec obiektów, które naruszyły naszą przestrzeń powietrzną. Jesteśmy w stałym kontakcie.
— Donald Tusk (@donaldtusk) September 10, 2025
Три полски региони моментално се најранливи
Оперативната команда на полската армија идентификуваше три региони како моментално најранливи: Подлаското војводство, Мазовското војводство и Лублинското војводство.
Сите овие региони се наоѓаат во источниот дел од земјата и граничат со Белорусија и Украина. Главниот град на Полска, Варшава, се наоѓа во центарот на Мазовското војводство.
Полската армија вели дека нејзините сили и ресурси се „целосно подготвени за итен одговор“.
Европа
Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.
„Распоредено е оружје и службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, соопшти Полската оперативна команда. Додаде дека е во тек воена операција и ги повика жителите да останат во своите домови.
„Полските и сојузничките авиони дејствуваат во нашиот воздушен простор, додека копнените системи за воздушна одбрана и радарско извидување се на највисоко ниво на тревога“, наведе Оперативната команда на полските вооружени сили.
Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт во кој учествуваат САД, кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите.
Свет
Белата куќа: Трамп се чувствува лошо затоа што Израел го нападна Хамас токму во Доха

На брифинг во Белата куќа, портпаролката Каролин Ливит изјави дека израелскиот напад врз Доха, кој погоди комплекс каде што престојуваа високи лидери на Хамас, „не придонесува за израелските или американските цели“. Сепак, таа додаде дека претседателот Доналд Трамп сè уште верува дека елиминацијата на Хамас е „достојна и легитимна цел“.
Ливит нагласи дека Катар е близок сојузник на Соединетите Американски Држави и дека Трамп се чувствува многу лошо во врска со локацијата на нападот. Таа додаде дека претседателот работи „активно и решително“ за да постигне мир.
Според неа, по нападот, Трамп разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и емирот на Катар.
Израелскиот премиер Нетанјаху претходно потврди дека лично одобрил „хируршки прецизен удар“ врз лидерите на Хамас во Доха, а израелската армија и Шин Бет објавија дека станува збор за заедничка операција против „врвното раководство“ на таа организација. Катар остро го осуди нападот, нарекувајќи го грубо кршење на меѓународното право, додека Хамас соопшти дека неговата преговарачка делегација преживеала, но во нападот загинале шест лица, вклучувајќи го и синот на главниот преговарач Калил ал-Хаја.