Свет
Трамп го одржи ветувањето: Почна изградбата на ѕидот на границата со Мексико
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Donald.jpeg)
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека почна изградбата на голем дел од ѕидот на границата со Мексико.
– Ќе имаме фантастична безбедност на границите што ќе го вклучат ѕидот. Многу луѓе сè уште не знаат дека веќе почнавме да градиме ѕид. Имаме 1,6 милијарди долари и почнавме да градиме големи делови од ѕидот – изјави Трамп за „Фокс њуз“.
Инаку, Трамп се закани со блокада на федералната влада ако демократите во Конгресот одбијат да ги поддржат барањата на неговата администрација за безбедност и ѕид на границата со Мексико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Орбан му одговори на Мишел: Кога станува збор за односите со Русија и Украина, Унгарија дејствува во свое име, а не во име на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/677z381_677z381_677z381_677z381_677z381_677z381_677z381_orban-prag.jpg)
Унгарија разбира дека со организацијата на преговорите меѓу Русија и Украина ќе се занимаваат големите земји, но би сакала да ги охрабри страните во конфликтот да склучат мир, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во радио програмата „Кошут“.
„Будимпешта знае каде припаѓа и кое е нејзиното значење, како и дека големите сили ќе се занимаваат со големи преговори“, посочи Орбан.
Истовремено, тој повтори дека Унгарија би сакала да ги охрабри страните да започнат преговори. Премиерот објасни дека токму таква цел имал на ум кога го посетил Киев на 2 јули, по 12 години, каде што се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Уште еднаш, морам да прецизирам дека унгарското претседавање со Советот на Европската унија не дава мандат за преговори во име на ЕУ, туку Будимпешта настапува во свое име. Она што можеме да го направиме е да разјасниме која страна на што е подготвена, а откако ќе дознаеме, лидерите на ЕУ веќе можат да донесат одлука, а по одлуката ќе може да се започнат преговори, што, за жал, се чини дека е далеку е засега“, нагласи Орбан.
Запрашан кои ќе бидат неговите следни чекори по неговата посета на Киев на 2 јули, Орбан рече: „Бидејќи овие чекори се од многу чувствителна природа, ќе може да се зборува за нив дури откако ќе се спроведат“.
Претходно, шефот на Европскиот совет во заминување, Шарл Мишел, на мрежата Х напиша дека ротирачкото унгарско претседателство со Советот на ЕУ нема мандат да контактира со Русија во име на Европската унија, коментирајќи ги мировните иницијативи на унгарскиот премиер, Виктор Орбан и информации за неговата можна посета на Москва.
Претходно, прес-секретарот на рускиот лидер Дмитриј Песков, коментирајќи ги медиумските написи за евентуална посета на Орбан на Русија, одби да ја потврди или негира оваа претпоставка, пренесува Спутник.
Регион
Група туристи од Црна Гора заглавени на аеродромот во Сицилија: Се активира вулканот Етна, издадено црвено ниво на предупредување
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/gfgd.jpg)
Група туристи од Црна Гора не се вратија од Сицилија како што беше планирано, бидејќи летовите беа прекинати во четвртокот поради активирање на еден од најголемите кратери на вулканот Етна.
Граѓанин на Црна Гора, кој бил на краток одмор на Сицилија, се пријавил на подгоричкиот портал ЦдМ и пријавил дека спиеле на аеродром и чекаат информација кога повторно ќе бидат возможни летовите. За новиот лет, рече тој, ќе треба да купат нови билети.
Според него, Рајнер нема летови до недела, а Визер утре има лет за Тирана.
Италијанската цивилна заштита објави црвено ниво на предупредување и предалармна оперативна фаза за вулканот поради ерупцијата на Етна, пишува Палермо Република, пренесува порталот Подгорица.
Регион
(Видео) Разбојници разнеле банкомат во Загреб, полицијата ја блокирала бензинската пумпа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/Capture-10.jpg)
Во Загреб во текот на ноќта од четврток кон петок имало нов обид за упад во банкомат.
Мета на крадците овој пат бил банкоматот на Рајфајзен банка, кој се наоѓал веднаш до бензинска пумпа.
„Утринава поминував покрај бензинската пумпа и ја видов полицијата како дежура покрај банкоматот. Некој го разнел во текот на ноќта“, изјави сведок за „24часа“ за кражбата со експлозив што се случи во петокот вечерта во загрепски Бузин. На местото на настанот пристигнала полиција со четири возила. Форензичарите земале мостри.
Отпадоци имало насекаде, а засега нема информации колку пари успеале да украдат. Истрагата е во тек и ќе се испитуваат бројните надзорни камери лоцирани во областа.
Загрепската полиција подоцна го потврди инцидентот.
„Вечерва, 5 јули, околу 3 часот во Нови Загреб, на авенијата Вечеслав Хољевац, на бензинската пумпа, според досега собраните информации, непознат сторител со неутврдено средство предизвикал експлозија на банкомат. Истрагата е во тек а ќе следи и кривична истрага“, беше кратко соопштено, пренесува медиумот.