Соопштенија
(Видео) Арсовски: Кумановската фирма – спонзор на СДСМ, добива тендер кај Бирото за јавни набавки

Капиталните инвестиции во државава се најниски во изминативе 15 години, но затоа нема проблем да се фрлаат милиони евра, пари од граѓаните, во фирмите партиски донатори на СДСМ, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Државата можеби се задолжува со по 300.000 евра на ден, но затоа пари за луксузирање на функционерите од власта не е проблем да се најдат и да се дадат. Економијата пропаѓа, ама затоа бизнисот на Де Лукс – Ауто од Куманово со набавки на коли за државните институции цвета секојдневно. Вчера беше објавено дека и Бирото за јавни набавки си купува лимузина, токму од фирмата донатор на СДСМ.
Колку навистина чини оваа лимузина, какви карактеристики има и кој е производителот, не се знае. Не се објавува ниту дали имало и други понудувачи и дали е спуштена цената со евентуално јавно наддавање.
Дали е ова причината поради која што Бирото за јавни набавки месеци наназад молчи околу тендерите и договорите во четири очи што ги добива кумановската фирма, која што е воедно и донатор на СДСМ?
Како е можно локален дистрибутер на возила, кој не е генерален увозник да добива толку многу тендери? Дали некој им се јавува на останатите играчи на пазарот и им укажува за нивно добро да не конкурираат или пак да доставуваат понуди кои ќе бидат полоши од понудите на донаторот на СДСМ?
Ова се прашања кои заслужуваат не само одговор, туку и сериозна истрага доколку имаме Јавно обвинителство кое што е ослободено од партиско политичките притисоци од власта. Станува збор за пари на граѓаните, а не пари на Вице Заев или било кој член на картелот во власта.
Јавноста се прашува дали остана институција под контрола на СДСМ која не набави возило од кумановската фирма Де Лукс Ауто, односно фирмата спонзор на СДСМ.
Најнова скандалозна набавка на возило од оваа фирма е направено од страна на Бирото за јавни набавки. Бирото за јавни набавки од Де Лукс Ауто набавило возило во вредност од 1 милион и 695 илјади денари без ДДВ, односно 2 милиони и 100 денари со ДДВ или околу 33 илјади евра. Очигледно се работи за луксузно возило за коешто, внимавајте јавноста сеуште не знае дали имало воопшто втор или трет понудувач.
Оваа фирма која што се јавува како спонзор на СДСМ за неполна година власт на Заев има бизнис од над 1,5 милиони евра, само преку набавки на луксузни возила од страна на државни институции, иако Де Лукс не е ниту генерален увозник туку само обичен дистрибутер. Фирмата спонзор на СДСМ ги доби речиси сите поголеми јавни набавки и тоа, да потсетиме, набавката во 4 очи на 45 возила во МВР со чешката донација од 1 милион евра, набавката од Централен регистар на 11 возила во вредност од 8,3 милиони денари, набавките на возила во Министерството за одбрана, Македонски енергетски ресурси, ЈП Студенчица, Кичево, Општина Куманово и Центар за јавно здравје Куманово.
Од оваа фирма своевремено се набавувани и партиски возила за СДСМ, па оттука се поставува прашањето дали за оваа набавка сега партијата се оддолжува преку државните институции со народни пари?
Дали нема други фирми официјални увозници или дистрибутери во државата штом оваа фирма ги добива најголемите јавни набавки?
Како тоа само оваа локална и релативно мала фирма, во споредба со многу поголеми од неа, дава секојпат најдобри, а понекогаш и единствени понуди за милионски бизниси?
Дали граѓаните со буџетски пари покриваат богатење на криминален картел преку ваквите јавни набавки?
Уште колку непродуктивни трошења ќе направи власта на Заев и СДСМ за да се оддолжи на фирмите кои ја спонзорираа СДСМ наназад годиниве?
Почитувани, ова веќе не е само скандалозно и неморално. Ова веќе има сериозни индиции за криминал и надлежните институции треба да го истражат и ако се потврди треба да реагираат за испумпувањето на народни пари во партиски и приватни џебови.
Секој ден јавноста е сведок на случаи како крвавиот тендер, скандалозните и криминални иновации кои што преку нив се испумпуваат народни пари,а сега и сомнителни набавки на возила. Криминалниот картел зад превезот со референдум, промена на Устав и промена на име, врши безмилосно ограбување на државата и на сопствениот народ. За тоа ќе мора некој да сноси не само политичка, туку и кривична одговорност“ рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
CUPRA Formentor и Audi A5 се победници – Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

На вчерашното доделување на престижното признание „Златно Тркало 2025“, два модели од брендовите на Порше Македонија се закитија со награди, потврдувајќи ја нивната супериорност во дизајнот, технологијата и перформансите.
Новиот CUPRA Formentor ја доби главната награда – „Златно Тркало“ за Најпосакуван Автомобил во Македонија.
CUPRA Formentor е првиот целосно самостоен модел на CUPRA, кој совршено ги комбинира спортскиот дух, врвната динамика и препознатливиот дизајн. Овој кросовер-купе ги поместува границите со својата уникатност и напредна технологија.
Иако CUPRA е нов бренд на пазарот, Formentor беше номиниран во категоријата за главната награда – Најпосакуван Автомобил – и по еден месец онлајн гласање освои дури 39% од гласовите.
На гала-вечер организирана од специјализираните автомобилски новинари од редакциите на Avto Plus, CarClub, Cars by Vik и RPM, главната награда „Златно Тркало“ ја прими Генералниот директор на Порше Македонија – Златко Муцунски, во придружба на Бренд Менаџерот на SEAT & CUPRA, Дејан Враниќ.
Златко Муцунски во своето обраќање истакна:
„CUPRA Formentor е симбол на смел дизајн, спортски дух и технолошка софистицираност. Таа претставува автентичен израз на нашата визија за нова ера во автомобилизмот – ера во која страста, иновацијата и уникатниот карактер се во центарот на секое возачко искуство. Оваа година Порше Македонија слави 20 години постоење, а оваа награда е уште едно признание и поттик да продолжиме со нашата мисија: да ја предизвикуваме нормата и да нудиме автомобили што оставаат впечаток.“
Новиот Audi A5 доби наградата за Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија.
Audi A5 победи во категоријата со 35% од гласовите.
Со прецизен, динамичен дизајн, целосно нов ентериер и напредна MHEV технологија за ефикасно и делумно електрично возење, новиот Audi A5 плени на прв поглед. Благодарение на новата архитектура, A5 нуди уште поголема поврзаност, интуитивна интеракција и врвно Audi искуство. Тој го дефинира идниот стандард во премиум сегментот.
„Новиот A5 е симбол на Audi – софистициран, моќен и технолошки напреден. Благодарна сум што публиката ги препозна вредностите на нашите модели. Оваа награда е признание за посветеноста и страста на целиот тим.“ – изјави Весна Бошнаковска, Бренд Менаџер за Audi, при примањето на наградата.
„Златно Тркало“ претставува уникатен показател за вкусот и интересот на публиката.
Воспоставена од жирито на водечките онлајн медиуми во земјата, оваа награда нуди автентичен увид во најпосакуваните возила на македонскиот пазар.
ПР
Соопштенија
Mozzart најпосакуван работодавец за 2024 година – уште едно големо признание

Наградата за најпосакуван работодавач во категоријата игри на среќа за 2024 година е уште едно значајно признание што го зацврстува лидерството на компанијата Mozzart.
Добрите услови за работа, тимската атмосфера, можностите за професионално унапредување, разните обуки, бонусите и наградите, како и постојаната поддршка за секој вработен се причините што ги мотивираат тимовите на Mozzart да го дадат најдоброто од себе.
Овие вредности не само што придонесуваат за подигнување на компанијата на највисокото ниво, туку и го зголемуваат интересот кај луѓето да станат дел од Mozzart.
„За да се биде најдобар, неопходен е неуморен труд и посветеност, а токму тоа претставува основата на успехот на Mozzart, кој секоја година бележи раст и напредок. Ова големо признание е доказ за посветеноста и упорноста на вработените во Mozzart, кои со својата работа, професионалност и тимска енергија ги реализираат амбициозните цели и ја претставуваат компанијата во најдобро светло, изјави Марина Рајчановска, Директор на сектор за човечки ресурси.
Сето тоа е потврдено со оваа престижна награда за најпосакуван работодавач за 2024 година. Компанијата, како водечки лидер во приредување игри на среќа, останува неприкосновена на врвот, препознатлива по своите успеси и посветеност, секогаш стремејќи се кон врвните резултати и цврсто држејќи ја својата позиција која ја гради со години.
ПР
Соопштенија
Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Празничните денови што следат носат промена во ритамот на секојдневието – повеќе слободно време, дружења и активности надвор од вообичаените навики. Со тоа доаѓа и потребата за подобра организација, не само на времето, туку и на личните финансии. Во вакви периоди, одлуките што ги носиме за тоа како, кога и каде трошиме добиваат уште поголемо значење. Прашањето не е дали ќе потрошиме, туку дали ќе го направиме тоа паметно. Современите дигитални алатки на Халкбанк им овозможуваат на корисниците токму тоа – контрола, прегледност и вредност при секоја трансакција, без разлика дали станува збор за штедење, награди или сигурно онлајн купување.
Микроштедење што се случува додека купуваш Најдобриот начин да започнеш со штедење е токму преку секојдневните трансакции. Со е-Касичката на Халкбанк, секоe купување со платежна картичка автоматски придонесува кон твојата лична заштеда. Системот заокружува износи при плаќање, а разликата се префрла на посебна сметка. Овој едноставен, но ефикасен механизам овозможува штедење без да го почувствуваш товарот на традиционалните методи. Особено во празничен период, кога купувањата се почести, ваквиот начин на автоматизирано штедење може да направи вистинска разлика во твојата финансиска состојба.
Празнично пазарење со Бонус поени
Секоја трансакција со картичките на Халкбанк не е само купување – тоа е и можност за награда. Преку програмата за лојалност на Бонус Поени, со секоја трансакција направена со кредитните картички, клиентите собираат поени кои можат да ги искористат за делумно или целосно плаќање во мрежата на партнери на банката. Овие поени можат да бидат одличен ресурс за купување велигденски подароци или покривање на неочекувани трошоци поврзани со празничните прослави. На тој начин, дел од празничниот буџет останува недопрен, додека клиентите сепак можат да подаруваат и израдуваат.
Онлајн купување – безбедно, практично и под контрола
Во време кога многу луѓе ја избегнуваат гужвата и сакаат да заштедат време, онлајн купувањето станува сè попривлечно. Халкбанк преку својата платформа за E-commerce овозможува сигурно плаќање, заштита преку 3D Secure технологија и комплетна прегледност на трансакциите преку мобилно или интернет банкарство. Со ова, празничното шопинг искуство станува не само удобно, туку и целосно под твоја контрола – од потврда на трансакции до следење на трошоци во реално време.
Празнична радост со долгорочна финансиска грижа
Халкбанк не нуди само алатки за тековна удобност, туку и за долгорочна финансиска стабилност. Комбинирањето на микроштедење, паметно користење на поени и безбедно онлајн купување е пример за одржливи финансиски навики што може да се применуваат не само за празници, туку и во секојдневниот живот. Финансиската едукација е клучна – затоа Халкбанк ги охрабрува своите клиенти да ги користат овие алатки како начин за создавање здрав однос кон парите, каде што штедењето и трошењето не се спротивставени, туку комплементарни процеси.
Паметното празнично купување не значи откажување од задоволства – туку нивно планирање и уживање без грижа на совест. Со е-Касичка, Бонус поени и E-commerce, празниците можат да бидат исто толку убави, а сепак финансиски паметни.
ПР