Македонија
(Видео) Манчевски од Мечкин Камен: Иванов ширеше омраза, ги посрамоти Конески, Рацин, Прличев и Мисирков
„Денеска Иванов повторно не успеа да се надмине во својата немоќ. Денеска тој повторно се обиде да ја врати Македонија во изолација, онаму каде што ја доведоа заедно со неговиот политички ментор, Никола Груевски. Денеска Иванов се постави против стратешките интереси на Македонија, против Европската Унија и НАТО. Денес Иванов се постави против македонската иднина. Денес Иванов се постави против подобар живот, се постави против повисоки плати, против работни местa.Денес Иванов подбуцна меѓунационална и меѓуверска нетрпеливост”, порача министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на свеченоста по повод Денот на Републиката – 2 Август, Илинден, на Мечкин Камен во Крушево.
Според Манчевски, Иванов не е достоен на функцијата којашто ја обавува. ,,За среќа, ниту Иванов, ниту неговиот Груевски, нема да ја носат одлуката. Одлуката за подобар живот во Македонија ќе ја носат граѓаните, суверено и на референдум.Тие ќе одберат Да, за македонската иднина.Ќе му порачам на Иванов, убаво да го прочита договорот и да види дека е загарантиран и македонскиот јазик и македонската национална посебност, дека е загарантиран македонскиот идентитет, еднаш и засекогаш, за навек, за она за што сме се бореле сите.Ќе му порачам на Иванов, да си ги прочита убаво, повторно, и Рацин и Прличев и сите кои денеска ги цитираше, кои никогаш како него, не ширеле меѓунационална и меѓуверска омраза”, рече Манчевски.
Тој ги повика граѓаните што помасовно да излезат на референдумот, ,,на новиот Илинден, кадешто ќе зачекориме во нашата светла иднина, а изолацијата и политичарите од минатото, како Иванов и Груевски, ќе бидат заборавени”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

