Црна хроника
Три лица го нарушиле јавниот ред и мир, а потоа нападнале полициски службеници

Полициски службеници биле физички нападнати, откако се обиделе да воспостават ред, поради нарушување на јавниот ред и мир од страна на три лица во кривопаланечкото село Псача.
Како што соопштија од МВР при преземањето мерки од страна на полицијата лица физички ги нападнале.
Тројцата се веднаш приведени во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со „мицубиши“ удрил во малолетник, па во паркирано возило во Гевгелија

Вчера во 13:10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински пат“ во Гевгелија, патничко возило „мицубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од Гевгелија, удрило во 11-годишен малолетник од Гевгелија, а потоа и во паркирано патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди малолетникот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.
Топ
Скопјанец ранет со пиштол: соседи се испотепале поради недоразбирање во сообраќајот

Утрово околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје.
Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал.
Како што е пријавено, после тоа Ќ.Ч. и лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката.
Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Прегазено 11-годишно девојче од Скопје

Синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(23) од Скопје, удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.