Македонија
Премиерот Заев на одмор во Охрид, а поголем дел од министрите во Грција
Поради нагласениот интерес од страна на медиумите за годишните одмори на членовите на Владата, од Секторот за односи со јавноста информира за тоа каде ќе одат на годишен одмор.
Ова лето, претседателот, замениците на претседателот и министрите во Владата на Република Македонија годишните одмори главно ќе ги поминат во државата и земјите од соседството.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, од годишниот одмор ќе искористи неколку денови во следниот период, и ќе го помине со семејството во Охрид.
Заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски замина на годишен одмор во ЦрнаГора.
Заменик претседателкатаз на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска ќе биде7 дена на одмор воГрција со семејството.
Кочо Анѓушев, Заменик претседателот на Владата, задолжен за економските ресори, дел од својот годишен одмор ќе го искористи со своето семејство во Грција.
Вицепремиерот Бујар Османи, задолжен за европски прашања, со сопругата и децата ќе биде на одмор до 8 август.
Никола Димитров, министерот за надворешни работи ќе биде на одмор десетина дена во август.
Министерот за финансии ДраганТевдовски ќе биде на одмор10 дена со сопругата и децата воГрција.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, со семејството ќе престојува во Грција во наредните десеттина дена.
Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски годишниот одмор ќе го помине со семејството во една од туристичките дестинации воГрција.
Министерот за економија Крешник Бектеши ќе биде на одмор до12 август со сопругата и децата во Струга.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ќе летува во Турција. На одмор заминува со семејството и таму ќе престојува 10 дена.
Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски нема да користи годишен одмор, туку ќе оди на продолжени викенди во Грција и во Охрид со семејството.
Министерот Едмонд Адеми задолжен за дијаспора, од 3 август, ќе оди на одмор една седмица во Грција со семејството.
Министерот без ресор ЗоранШапуриќ, својот годишен одмор ќе го користи до 10-ти август, заедно со сопругата во Италија.
Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил е со семејството на одмор воТурција.
Асаф Адеми, министерот за култура, исто заминува на одмор со семејството во Турција.
Министерката Зорица Апостолска својот годишен одмор ќе го искористи од 20 август, во Отешево, во нејзината викендичка.
Министерот задолжен за странски инвестиции Бардул Даути годишниот одмор ќе го користи во периодот од 6 август, и десеттина дена ќе помине во Република Албанија, заедно со неговата сопруга.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на годишен одмор ќе замине во Хрватска каде што ќе престојува неколку денови.
Министерот за здравство Венко Филипче до13 август ќе оди на одмор со семејството во Охрид, а можно е да искористат и неколку од деновите за кратко патување до Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

