Регион
Нишани: Косово е Ерусалим на Албанците

Во Албанија продолжуваат критиките врз косовскиот претседател Хашим Тачи поради неговата изјава за ,, корекција на границите помеѓу Косово и Србија”. Поранешниот албански претседател Бујар Нишани коментирајќи ги најавите за промена на границите на Косово, рече дека ,,Косово е Ерусалим на Албанците”.
Нишани притоа го оправдува својот став дека секој Албанец е заинтересиран за косовското прашање.
,,Кога велам дека Косово е Ерусалим на Албанците, фактички тврдам дека секоја состојба на Косово не е само битно прашање за Косово, туку и за сите Албанци каде и да живеат”, рече поранешниот албански претседател,Бујар Нишани.
Албанската десница во земјата и понатаму продолжува со острите реакции на адреса на косовскиот претседател Хашим Тачи. Покрај политичарите, критики упатија и албанските медиуми и аналитичари блиски до десницата.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.