Свет
Група од Саудиска Арабија издаде предупредување до канадската Влада
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/cn-tower-dusk.jpg)
Група од Саудиска Арабија објави фотографија на социјалната мрежа „Твитер“ на која се гледа авион на компанијата „Ер Канада“ кој лета над Торонто.
На фотографијата што е објавена од групата „Инфографик КСА”, е издадено предупредување до канадската Влада, објави РТ.
Групата „Инфографик КСА” се опишува себеси како проект што „ги спојува младите Саудијци кои се заинтересирани за технологија и социјални медиуми”.
Тие се најчесто присутни на „Твитер“, „Инстаграм“ и „Телеграм“.
Now deleted, here a screenshot of the threatening Saudi “infographic” featuring an airliner headed for the Toronto skyline. pic.twitter.com/LrkCLxxjFk
— Tobias Schneider (@tobiaschneider) August 6, 2018
Постот, кој во моменов е отстранет од нивниот профил, беше објавен за време на дипломатскиот спор меѓу Канада и Саудиска Арабија поради критиките на сметка на ситуацијата со човековите права во арапското кралство.
Заедно со сликата може да се забележат и коментари како на пример: „Се мешате таму каде што не ви е место“, „Секој што се меша во работите на другите може да го стигне она што не го сака“.
Постот не прецизира што нема да биде по волја на Канаѓаните, но голем дел од твитерџиите целата ситуација си ја поврзуваат со киднапирањето на авионите, кои на 11 септември 2001 година удрија во кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк.
По постот излегоа и коментари на голем број твитерџии кои ситуацијата ја оценија како опасна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Асанж пристигна во Австралија: емотивна средба со сопругата и неговиот татко
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/677z381_asanz-kanbera.jpg)
Џулијан Асанж, кој од денеска и официјално е слободен човек, се врати во Австралија, а најемотивната средба ја имаше со сопругата Стела.
Julian Assange greets his supporters at the fence and kisses his wife after touching down a free man #auspol pic.twitter.com/HQ4JbyWKvH
— Sarah Basford Canales (@sbasfordcanales) June 26, 2024
Откако авионот слета на аеродромот во Канбера, Асанж излегол од авионот, а го пречекале бројни новинари и поддржувачи кои аплаудирале и скандирале за него.
Камерите го снимиле моментот кога Асанж ја прегрнал сопругата, ја кренал од земја и ја бакнал, а потоа го прегрнал и татко си.
Свет
Кремљ се огласи за Асанж: Сите го добија тоа што го сакаа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/kremlj-moskva.jpg)
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека секој го добил она што го сакал кога станува збор за признавањето на вината и ослободувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
– Овде зборуваме за судски договор. Како што разбрав, секој го доби она што го сака. Нема што да се додаде, ништо да се коментира – изјави Песков на новинарите.
Асанж беше формално ослободен пред американскиот суд на Маријанските Острови, откако се изјасни за виновен по едното обвинение за кршење на Законот за шпионажа според договорот со американското Министерство за правда.
Основачот на „Викиликс“ потоа отпатува во родната Австралија.
Регион
Најмалку едно лице е убиено во масовна тепачка во затвор во Грција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/zatvor-960x614.jpg)
Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.
Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.
Во овој момент не се знае како дошло до тепачката ниту кој е убиен.
Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.