Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Богоевски лаже, Преспанскиот договор е капитулација
ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски кој денеска повика на поддршка на Преспанскиот договор и на референдумско изјаснување.
„Она што Заев со договорот од Преспа му го нуди на македонскиот народ е капитуалција од невидени размери. Без свое минато и историја македонскиот народ нема ниту иднина, а токму на ова Димитров се согласи кога го стави својот потпис во Преспа. Павле Богоевски ја лаже и манипулира целата македонска јавност. Во договорот јасно стои дека македонскиот јазик ќе биде единствениот јазик кој во Обединетите Нации ќе биде запишан со фуснота, за разлика од тоа како е запишан во моментов. Македонското државјанство ќе биде заменето со граѓани на Република Северна Македонија. Се менуваат и меѓународните кодови и кратенки. Оние останати државни симболи за кои тој говори дека ќе останат непроменети се оние кои СДСМ во минатото веќе ги промени“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека она што СДСМ и го прави на Македонија не води никаде, а најмалку кон Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

